Афел
From Wikipedia, the free encyclopedia
Афел — точка во орбитата на астрономскиот објект, каде што тој е најдалеку од својот орбитален фокус. Поимот со спротивно значење кој ја претставува точката каде што објектот е најблиску до својот орбитален фокус се нарекува „перихел“.
Според Првиот кеплеров закон, сите планети, комети и астероиди во Сончевиот Систем имаат приближно[а] елиптични орбиити околу Сонцето.[1] Оттука, објектот којшто орбитира има најблиска и најдалечна точка од објекот околку кој се движи. Секоја екстремна вредност е позната како апсида. Орбиталното занесување ја мери сплеснатоста на орбитата, односно отстапувањето од совршен круг.