Сфероид
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сфероид или вртежен елипсоид е површина од втор ред (квадрична површина) добиена со ротација на елипса околу нејзината оска, т.е. елипсоид со два еднакви полупречника.
сплеснат сфероид | издолжен сфероид |
Ако елипсата ја ротираме околу нејзината голема оска, добиваме издолжен (пролатен) сфероид, како топка за рагби. Ако елипсата ја ротираме околу малата оска, добиваме сплеснат (облатен) сфероид, како леќа. Ако појдовната елипса е кружница, добиваме сфера.
Поради гравитацијата и ротацијата (вртењето), Земјата има облик на сфера што е малку сплесната кон оската. Затоа во картографијата Земјата се претставува како сплеснат сфероид наместо како сфера. Тековниот модел на Светскиот геодетски систем (WGS84), користи сфериод чиј полупречник изнесува приближно 6.378,137 км кај екваторот и 6.356,752 км кај половите (разлика од над 21 км).