![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/89/Palomar_Observatory_2.jpg/640px-Palomar_Observatory_2.jpg&w=640&q=50)
Паломарска опсерваторија
опсерваторија во Калифорнија, САД / From Wikipedia, the free encyclopedia
Паломарска опсерваторија англиски: Palomar Observatory — астрономска опсерваторија во приватна сопственост, сместена во округот Сан Диего во Калифорнија, САД. Местото се наоѓа 145 км југоисточно од Лос Анџелес, во Паломарските Планини. Со неа работи Калифорнискиот технолошки институт (Калтех) во Пасадена и нејзините истражни соработници како Лабораторијата за реактивен погон (JPL) и универзитетот „Корнел“.[1]
Кратки факти Организација, Место ...
![]() Куполата на Хејловиот телескоп | |||||||||
Организација | Калифорниски технолошки институт | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Место | округ Сан Диего, Калифорнија, САД | ||||||||
Координати | |||||||||
Надм. висина | 1.712 м | ||||||||
Основана | 1928 | ||||||||
Портал Palomar at Caltech | |||||||||
|
Затвори
Во состав на опсерваторијата работат неколку телескопи, вклучувајќи го познатиот Хејлов телескоп (5,1 м) и телескопот „Семјуел Ошин“ (1,2 м). Научниот кадар работи и со други инструменти како Паломарскиот интерферометар и историскиот Шмитов телескоп (0,46 м) од 1936 г.