Опсерваторија
место за набљудување на небесни тела и астрономски појави / From Wikipedia, the free encyclopedia
Опсерваторија или набљудувачница — место за набљудување на настани што се одвиваат на Земјата или на небото во дисциплини како што се астрономијата, климатологијата/метеорологијата, геологијата, океанографијата и вулканологијата . Во минатото, опсерваториите можеле да бидат мошне прости (со само еден секстант за утврдување на растојанието меѓу ѕвездите) или големи градби како мегалитските опсерватории во Стоунхенџ и Кокино, кои служеле за предвидување на астрономски појави.