Ѕвезда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ѕвезда — масивно небесно тело од јонизиран гас (главно водород) во надворешната вселена, што произведува или произведувало енергија преку јадрено соединување. Најпозната и најблиска ѕвезда до Земјата е Сонцето. За разлика од планетите, една ѕвезда поради интензивната топлина зрачи светлина. Научно, ѕвездите се дефинираат како самогравитирачки сфери од плазма, што создаваат нивна сопствена енергија преку процесот на јадрено соединување. Науката што се занимава со проучување на ѕвездите се нарекува ѕвездена астрономија[1].
Ѕвездите можат да се видат на небото како точки што треперат, заради ефектот на Земјината атмосфера и нивното растојание од нас (коешто обично се мери во светлосни години). Сонцето е исклучок - тоа е единствената ѕвезда доволно блиску до Земјата за да биде видлива како небесно тело составено од различни сфери. Најблиската ѕвезда до Сонцето, Проксима Кентаур, се наоѓа на приближно четири светлосни години од Сончевиот Систем, односно 250 000 пати подалеку од Сонцето.
Една типична ѕвезда наликува на Сонцето. Нејзината маса е околу 1030 килограми, и нејзиниот пречник е неколку милиони километри. Моќта на зрачењето на една ѕвезда како Сонцето е околу 1026 вати.
Формирањето на ѕвездите е проследено со собирање и со загревање на облак од гас поради дејствувањето на гравитацијата. Доколку загревањето е доволно, тоа може да започне јадрени реакции во срцето на облакот. Енергијата ослободена со овие реакции е доволна за да се спречи собирањето. Тоа значи дека стабилноста на ѕвездата зависи од две меѓусебно спротивставени сили:
- термонукларните реакции кои ослободуваат огромна енергија доведуваат до фантастичен притисок во јадрото на ѕвездата и така настојуваат да го распрснат материјалот на ѕвездата во околниот простор;
- силата на гравитација, која се спротивставува на тоа, настојува да ја одржи масата на ѕвездата на едно место.
Ако преовладее силата на гравитацијата, материјалот на ѕвездата се собира, па се создаваат ѕвезди во кои материјата е збиена до многу големи густини (неутронска ѕвезди, бели џуџиња), а ако масата на ѕвездата е поголема до определена критична граница која се нарекува Чандрасекарова граница, доаѓа до бесконечно собирање во физичка сингуларност од која веќе не може да побегне ниту светлината, односно настанува црна дупка. Ако преовладее првата тенденција, ѕвездата може да експлодира во силна експлозија и така настанува нова или супернова.
Херцшпрунг-Раселовиот дијаграм ја покажува врската меѓу сјајот на ѕвездата (апсолутната ѕвездена големина) и температурата (спектралната класа).
Просечната галаксија содржи околу 100 милијарди ѕвезди. Бројот на ѕвезди во универзумот е проценет помеѓу 1022 и 1023, што е приближно еднакво на бројот на молекули во кубен сантиметар воздух.