Херцшпрунг-Раселов дијаграм
From Wikipedia, the free encyclopedia
Херцшпрунг-Раселов дијаграм — дијаграм кој ја покажува врската меѓу апсолутната величина, сјајноста, класификацијата и делотворната температура на ѕвездите. Дијаграмот бил создаден околу 1910[1] година од страна на Ејнар Херцшпрунг и Хенри Норис Расел, по кои го добил и своето име. Овој дијаграм претставувал голем чекор напред во разбирањето на ѕвездениот развој.
Дијаграмот овозможува (можеби не секогаш точно) да се пронајде апсолутната големина по ѕвездената класа. Особено за ѕвездените класи од О-F. За подоцнежните класи се јавува потребата да се направи избор меѓу џиновите и џуџињата. И покрај тоа, определувањето на разликите на интензивноста на некои линии дозволуваат уверено да се направи тој избор.[2]