Сјајност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сјајност (или луминозитет) — мерка за светлосна јачина. Единицата за сјајност по SI-системот е „кандела на квадратен метар“ (кд/м2 или cd/m2).
Функцијата на сјајност (функцијата на сјајносна делотворност) ја опишува просечната видна чувствителност на човечкото око на светло со различна бранова должина. Постојат две функции на сјајност. За секојдневната светлина се користи фотопичната функција на сјајност, што најприближно го претставува одѕивот човечкото око. При мала светлина се менува одѕивот на човечкото око, и тука се применува скотопичната крива.