![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/67/HR-diag-no-text-2.svg/langmk-640px-HR-diag-no-text-2.svg.png&w=640&q=50)
Џиновска ѕвезда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џиновска ѕвезда — ѕвезда со значително поголем полупречник и сјајност од оние во главната низа (џуџиња) при иста површинска температура.[1] Таквите ѕвезди се сместени над главната низа (сјајносна класа V според Јеркисовата спектрална класификација) на Херцшпрунг-Раселовиот дијаграм (ХР-дијаграм) и одговараат на сјајносните класи II и III.[2] Поимите џин и џуџе се осмислени од данскиот научник Ејнар Херцшпрунг во 1905 г., за разликување на ѕвездите со мошне различна сјајност, без оглед на сличната тепература или спектрален тип.[3]
Ваквите ѕвезди имаат полупречници неколку стотоци пати поголеми од оној на Сонцето и сјајност од десетина до илјадници пати поголема од Сончевата. Ѕвездите со уште поголема сјајност се нарекуваат суперџинови и хиперџинови.
Џин може да се нарече и врела и сјајна ѕвезда од главната низа, но секоја ѕвезда од низата се нарекува „џуџе“ без оглед на сјајноста и големината.[4]