дански астроном From Wikipedia, the free encyclopedia
Ејнар Херцшпрунг (дански: Ejnar Hertzsprung; 8 октомври 1873 – 21 октомври 1967 ) — дански хемичар и астроном. Во периодот од 1911–13 г. заедно со американскиот астроном Хенри Норис Расел го разработил познатиот Херцшпрунг-Раселовиот дијаграм за класификација на ѕвездите.
Ејнар Херцшпрунг Ejnar Hertzsprung | |
---|---|
Херцшпрунг (десно) со Карл Шварцшилд пред Гетингенскиот универзитет, 1909 г. | |
Роден(а) | 8 октомври 1873 Копенхаген, Данска |
Починал(а) | 21 октомври 1967 94) Роскилде, Данска | (возр.
Полиња | хемија, астрономија |
Установи | Лајденска опсерваторија |
Образование | Копенхагенска техничка школа |
Познат по | Херцшпрунг-Раселов дијаграм |
Поважни награди | Златен медал на КАД (1929) Брусов медал 1937 |
Роден е во Копенхаген. Во 1913 г. ги утврдил растојанијата на неколку кефеидни променливи ѕвезди според нивната паралакса,[1] и со тоа успеал да го избаждари односот (откриен од Хенриета Левит) помеѓу периодот на кефеидите и нивната сјајност. При оваа работа по случајна грешка ги одредил ѕвездите на десетпати помала далечина. Со овој однос ја проценил оддалеченоста на Малиот Магеланов Облак. Од 1919 до 1946 г. Херцшпрунг работел во Лајденската опсерваторија во ХОландија, каде од 1937 г. бил нејзин директор. Меѓу дипломците во Лајден бил и истакнатиот астроном Џерард Кајпер.
Веројатно најголемиот придонес за астрономијата го дал со разработката на класификација на ѕвездите според спектрален тип, развојна фаза и сјајност. Во неговат работа ја проучувал и постоечката класификација осмислена од Антонија Мори.[2] Таканаречениот Херцшпрунг-Раселов дијаграм до денес се користи како начин на типолошко претставување на ѕвездите и нивниот развој. Открил и два астероида, од кои еден е аморскиот астероид наречен 1627 Ивар.[3]
Неговата сопруга Хенриета (1881–1956) била ќерка на холандскиот астроном Јакобус Каптајн. Херцшпрунг починал во Роскилде во 1967 г. Во негова чест е наречен астероидот 1693 Херцшпрунг.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.