Проксима Кентаур
ѕвезда во соѕвездието Кентаур / From Wikipedia, the free encyclopedia
Проксима Кентаур(и) — ѕвезда која се наоѓа во соѕвездието Кентаур. Таа е најблиска ѕвезда до нашето Сонце[14]. Оддалечена од Земјата 4,28 светлосни години. Се наоѓа во тројниот ѕвезден систем Алфа Кентаур. Алфа Кентаур, иако троен систем се гледа како сјајна ѕвезда, најсјајна во соѕвездието Кентаур кое се наоѓа на јужното небо. Не се забележува од територијата на Македонија. Проксима Кентаур е најмалиот член на тројниот систем, и е оддалечена околу 10 000 астрономски единици од центарот на тој систем. Припаѓа на класата црвени џуџиња, и е со пречник околу една седмина од пречникот на Сонцето, а додека нејзината маса е околу осмина од масата на Сонцето. Густината на Проксима Кентаур е околу 40 пати поголема од сончевата. Иако мала ѕвезда, поради нејзината голема близина, често е цел на астрономски набљудувања.
Податоци од набљудување Епоха J2000,0 Рамноденица J2000,0 (ICRS) | |
---|---|
Соѕвездие | Кентаур |
Ректасцензија | 14ч 29м &1000000000429485300000042,94853с[1] |
Деклинација | −62° 40′ &1000000000046163100000046,1631″[1] |
Прив. величина (V) | 11.13[2] |
Особености | |
Спектрален тип | M6Ve[3] |
Привидна ѕвездена величина (J) | 5,357 ± 0,023[4] |
U−B Боен показател | 1,26[2] |
B−V Боен показател | 1,82[2] |
Променлив тип | UV Кит („болскотна ѕвезда“)[5] |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | −22.4 ± 0.5[3] км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: −3775,75[1] млс/г Дек.: 765,54[1] млс/г |
Паралакса (π) | 768.13 ± 1.04[6] млс |
Оддалеченост | 4,246 ± 0,006 сг (1,302 ± 0,002 пс) |
Апсолутна величина (MV) | 15,60[7] |
Податоци | |
Маса | 0.123 ± 0.006[8] M☉ |
Полупречник | 0.141 ± 0.007[9] R☉ |
Површ. грав. (log g) | 5.20 ± 0.3[8] |
Сјајност (болометричка) | 0.0017[10] L☉ |
Сјајност (виизуелна, LV) | 0,00005 L☉ |
Температура | 3.042 ± 117[8] K |
Вртење | 83,5 дена[11] |
Вртежна брзина (v sin i) | < 0.09[3] км/с |
Старост | 4,85[12] Гг. |
Други ознаки | |
Alpha Centauri C, CCDM J14396-6050C, GCTP 3278.00, GJ 551, HIP 70890, LFT 1110, LHS 49, LPM 526, LTT 5721, NLTT 37460, V645 Centauri[13] | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Проксима Кентаур е откриена во 1915 година во ЈАР од страна на Роберт Инес.