Ѕвезден каталог
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ѕвезден каталог — астрономски каталог кој се однесува на ѕвездите. Во астрономијата, многу од ѕвездите се означени со броеви. Постојат голем број на различни ѕвездени каталози кои се направени за различни цели во текот на годините, а овде ќе вклучиме само некои од најкористените. Повеќето каталози се достапни во електронска форма и може слободно да ги симнете од центарот за податоци на НАСА, но и од други места (видете ги надворешните врски на крајот).