Болскотна ѕвезда
вид на променлива ѕвезда / From Wikipedia, the free encyclopedia
Болскотна ѕвезда — променлива ѕвезда која претрпува силни и непредвидлливи промени во сјајноста во рок од неколку минути. Како и Сончевите блесоци, тие се должат на магнетната енергија складирана во атмосферата. Сјајноста се зголемува ширум целиот спектар, од рендгенските зраци до радиобрановите. Првите познати болскотни ѕвезди (V1396 Лебед и AT Микроскоп) се откриени во 1924 г. иако најпозната меѓу нив е UV Кит, чии блесоци забележани во 1948 г. Денес слични болскотни ѕвезди се класификуваат како променливи ѕвезди од типот на UV Кит (со кратенката UV) во ѕвездените пописи како Општиот каталог на променливи ѕвезди.
Највеќето болскотни ѕвезди се црвени џуџиња со слаба сјајност, но во поново време е утврдено дека блескањето може да се јави и кај кафеавите џуџиња, кои се помалку масивни. Најмасивните променливи ѕвезди од типот на RS Ловечки Кучиња (RS CVn) исто така прават блесоци, но овие се предизвикани од придружна ѕвезда во двоен систем која предизвикува заплетување на магнетното поле. Покрај тоа, болскотни појави се забележани и кај уште девет ѕвезди слични на Сонцето[1] пред напливот на податоци за суперблесоци од вселенската опсерваторија „Кеплер“. Се предлага дека нивниот механизам е сличен на оној кај RS CVn-променливите по тоа што блесоците се предизвикани од придружник, поточно незабележана јупитеровидна планета во блиска орбита.[2]