From Wikipedia, the free encyclopedia
Орбитално занесување или ексцентрицитет — параметар којшто го одредува отстапувањето на орбитата на некој објект од совршен круг. Вредноста на орбиталното занесување за кружна орбита изнесува 0, за елиптична орбита од 0 до 1, за параболична орбита 1, а за хиперболична орбита над 1. Поимот потекнува од параметрите на конусните пресеци, бидејќи секоја кеплерова орбита всупност претставува конусен пресек. Обично се употребува за изолираниот проблем на две тела, но негови проширувања постојат и за објекти кои се движат по розетна орбита низ галаксијата.
Во проблемот на две тела за кои важи законот на обратни квадрати, секоја орбита е кеплерова орбита. Занесувањето на кеплеровата орбита е ненегативен број којшто го одредува нејзиниот облик.
Занесувањето може да ги има следните вредности:
Занесувањето e е претставено како:
каде E е вкупната орбитална енергија, L е момент на импулсот, mred е смалената маса и α е коефициентот на централната сила според законот за обратни квадрати (пр. гравитација или елктростатика во класичната физика), така што:
или во случајот со гравитациската сила:
каде ε е посебната орбитална енергија (вкупната енергија поделена со смалената маса), μ е стандардниот гравитациски параметар заснован на вкупната маса и h е посебниот релативен момент на импулсот (моментот на импулсот поделен со смалената маса).
За вредностите на e од 0 до 1, обликот на орбитата е поиздолжена или сплескана елипса; за вредностите на e од 1 до бесконечност, орбитата е хипербола со вкупно свртување од 2 arccsc e коешто опаѓа од 180 до 0 степени. Случајот кога обликот на орбитата преоѓа од елипса во хипербола, односно кога e изнесува 1, е парабола.
Радијалните траектории се делат на елиптични, параболични и хиперболични врз основа на енергијата на орбитата, а на не занесувањето. Радијалните орбити имаат момент на импулсот кој изнесува 1. Под претпоставка дека енергијата е константна и моментот на импулсот се намалува, елиптичната, параболичната и хиперболичната орбита сите тежнеат кон соодветниот вид на радијална траекторија, додека e тежнее кон 1 (или во случајот на параболична орбита останува 1).
За силата на одбивање, само хиперболичната траекторија, вклучувајќи ја и нејзината радијална верзија, има приимена.
За елиптичните орбити, со едносставен доказ може да се докаже дека arcsin() го менува аголот на проекцијата на совршен круг во елипса со занесување e. На пример, кога е дадено занесувањето на планетата Меркур (e = 0,2056), потребно е да се пресмета инверзниот синус за да се најде аголот на проекцијата од 11,86 степени. Накосувањето на кружен објект за тој агол придонесува проекцијата на елипсата да има исто занесување.
Орбиталното занесување може да се пресмета со помош на орбиталните положбени вектори како величина на векторот на занесување:
каде:
За елиптичните орбити, занесувањето исто така може да се пресмета преку периапсидата и апоапсидата, затоа што rp = a(1 − e) и ra = a(1 + e), каде a е големата полуоска.
каде:
Занесувањето на елиптичната орбита може да се употреби за да се пресмета односот на периапсидата и апоапсидата:
За Земјата, орбиталното занесување е приближно 0,0167, апоапсидата е еднаква на афелот и апогејот, а периапсидата е еднаква на перихелот и перигејот во однос на Сонцето.
За Земјината годишна орбитална патека, односот на најдолгиот и најкраткиот полупречник ra/rp е приближно 1,034 во однос на средната точка на патеката.
Средното орбитално занесување на астрономскиот објект го претставува просечното занесување како последица на растројување во даден временски период. Нептун во тековната епоха занесување од 0,0113,[1] но во периодот од 1800 до 2050 година има просечно занесување од 0,00859.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.