Перихел

From Wikipedia, the free encyclopedia

Перихел

Перихел — точка во орбитата на астрономскиот објект, каде што тој е најблиску до својот орбитален фокус.

Thumb
Перихел и афел се најблиската и најдалечната точка (апсида) на директната орбита на астрономскиот објект околу Сонцето.

Според Првиот Кеплеров закон, сите планети, комети и астероиди во Сончевиот Систем имаат приближно[а] елиптични орбити околу Сонцето.[1] Оттука, објектот којшто орбитира има најблиска и најдалечна точка од објектот околу кој се движи. Секоја екстремна вредност е позната како апсида. Орбиталното занесување ја мери сплесканоста на орбитата, односно отстапувањето од совршен круг.

Потекло на поимот

Поимот „перихел“ потекнува од старогрчките зборови περί (пери), со значење „блиску“, и Ἥλιος (хелиос), со значење „Сонце“.

Основни формули

Полупречникот на перихелот се пресметува со помош на формулата:

,

каде:

a — голема полуоска; и
е — орбитално занесување.

Брзината во перихелот се пресметува со формулата:

,

каде:

G — гравитациска константа;
М — Сончева маса;
a — голема полуоска; и
е — орбитално занесување.

Сончев Систем

Земја

Перихелот на Земјата се случува на растојание од 147.098.291 км од Сонцето, што е на околу 2,5 милиони км помалку од средното растојание до Сонцето. Земјата се наоѓа во перихел на 2-3 јануари, во просек 13 дена по краткодневицата.[2]

Други планети

Перихелот и останатите планети во Сончевиот Систем согласно информациите на НАСА се случува на следните растојанија:[3]

Прецесија на перихелот

Шема на процесија на меркуровата орбита

Параметрите на орбитите на планетите во Сончевиот Систем со тек на време претрпуваат бавни измени како последица на заемодејството на планетите. Впрочем, оската на орбитата постепено се ниша (во орбиталната рамнина) на страната на орбиталното движење и со тоа се поместува и перихелот. Ваквата појава се нарекува „прецесија на перихелот“ (видете на анимицијата десно). Перихелот на Меркур се враќа во почетната состојба на секои 260 илјади земјени години, додека истиот период за Јупитер изнесува околу 300 илјади години.[4]

Во средината на 19 век, астрономите откриле дека укажаното поместување на перихелот на Меркур се случува нешто побрзо отколку што е предвидено со Њутновиот закон за гравитацијата. Подоцна, слична аномалија била откриена и во движењето на други небесни тела. Причината за оваа аномалија се објаснува со општата теорија за релативноста, при што од равенството за релативноста произлегува поместувањето коешто фактички се набљудува. Дополнително поместување, т.е. „релативна поправка“, била пресметана и утврдена и за други планети и астероиди.[5]

Поврзано

Белешки

  • а Се вели дека орбитата на астрономскиот објект е „приближно“ елиптична, затоа што орбиталното движење не завршува онаму каде што започнало поради прецесија.

Наводи

Литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.