Remove ads
физички закон From Wikipedia, the free encyclopedia
Њутновиот закон за општата гравитација го опишува гравитациското заемодејство меѓу две тела со маса. Тој е дел од класичната механика и е формулиран за првпат во фундаменталниот труд на Исак Њутн „Математички начела на природната филозофија“, објавен за првпат на 5 јули 1687 г. Овој закон гласи:
Меѓу секои две тела (материјални точки) дејствува привлечна, гравитациска сила, која е пропорционална на производот од нивните маси, а обратнопропорционална од квадратот на нивното меѓусебно растојание. Гравитациската сила дејствува долж правата која минува низ центарот на двете тела:
каде:
|
Бидејќи растојанието е векторска величина, тогаш и силата е вектор, односно законот за гравитација во векторски облик изгледа вака:
каде е единичен вектор на правецот. Одовде е јасно дека силата е со спротивен правец во однос на растојанието, затоа и стои знакот минус, а тоа истовремено означува дека силата е секогаш привлечна.
Во SI F се мери во њутни (N), m1 и m2 во килограми (kg), r во метри, а вредноста на константата γ е приближно еднаква на 6.67 × 10−11 N m2 kg−2 (њутн по метар квадратен по килограм квадратен).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.