Варен (Мириц)
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Варен (Мириц) (германски: Waren (Müritz)) — град и воздушна бања во округот Мекленбуршка Езерска Област, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Бил административно седиште на поранешниот округ Мириц до административната реформа во 2011. Се наоѓа на северниот брег на езерото Мириц, околу 40 километри западно од Нојбранденбург. Моментално, градот е административно седиште на општинската заедница Езерска Област Варен, иако самиот град не припаѓа на самата општинска заедница.
Варен (Мириц) | |
Панорама на Варен | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Мекленбуршка Езерска Област |
Градоначалник | Норберт Мелер (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 158,39 км2 |
Надм. височина | 70 м |
Население | 21.267 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 134 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | MÜR |
Пошт. бр. | 17192 |
Повик. бр. | 03991 |
Портал | www.waren-mueritz.de |
Местоположба на градот Варен (Мириц) во рамките на округот Мекленбуршка Езерска Област | |
Координати | 53°31′N 12°41′E |
Варен се наоѓа на езерото Мириц, најголемо езеро кое целосно се наоѓа во границите на Германија со површина од 117 км². Исто така, градот излегува и на неколку помали езера: Келпинско Езеро, Тифваренско Езеро, Фајснекско Езеро, Мелцерско Езеро и Ваупакско Езеро. Во самиот град се наоѓа Херенско Езеро.
Во рамките на територијата на градот влегува самиот град Варен (Мириц), како и селата Варенсхоф, Алт Фалкенхаген, Ној Фалкенхаген, Јегерхоф, Ригебанд, Швенцин, Елденхолц и Елденбург.
Самиот град може да се подели на следниве четврти:
Варен бил спомнат околу 150 година од александрискиот географ Клавдиј Птоломеј (како Virunum) и со тоа е едно од првите забележани места на територијата на денешната покраина Мекленбург-Западна Померанија.
Името на градот може да биде изведено од словенскиот јазик и означува место на чавки или гаврани.[2]
Неговото име исто така можеби доаѓа од германското племе Варини. Името на градот порано било различно пишувано (Wahren, Warne или на латински: Warnae). Во 1914 местото го добило официјалното име Варен (Мириц), поради езерото на кое излегува.
Средноковниот град бил основан околу 1260 на трговскиот пат од Штаргард до Висмар близу замок и словенско село населено од доселеници од Вестфалија. Првичниот град се раширил околу црквата Св. Ѓорѓи на Стариот плоштад (Alter Markt) во Стариот град (Altstadt). Црквата Св. Ѓорѓи била првпат спомената во 1273. На Стариот плоштад се наоѓало првото Градско собрание. Нешто подоцна бил основан Новиот град (Neustadt) околу црквата Св. Богородица, кој бил споен со Стариот град во 1325. Новиот центар на градот бил Новиот плоштад (Neue Markt), кој ги споил стариот и новиот град. Градскиот ѕид го опкружувал градот.
Во 1292 Варен бил опишан по првпат како civitas (што означува дека добил градски права) и од 1331 како oppidum (мал град). Во 1306 градот добил рибарски права на езерото Мириц.
Од 1347 до 1425 Варен бил резиденција на дел од династијата Верле, кои биле дел од семејството Ободрити. Замокот Верле веројатно се наоѓал јужно од црквата Св. Богородица.
Како последица на големите пожари во 1568, 1637, 1671, 1673 и 1699 и Триесетгодишната војна градот бил често и скоро целосно уништен.
Првото градско собрание се наоѓало на Стариот плоштад, а потоа во средината на Новиот плоштад. Денешното градско собрание на Новиот плоштад бил изграден од 1791 до 1797 и проширено во 1857.
Во 1806 се одржала битка во близина на градот помеѓу Гебхард Леберехт фон Блихер и Французите.
Канализацијата на реката Елде (1798–1803 и 1831–1837) и изградбата на Каналот Болтер (1831–1837) донеле економски развој во градот. Во 1839 било основано училиште. Во 1845 биле отворени првите јавни бањи на Мириц. Во 1862 била основана пиварницата Биркенштет во градското пристаниште; пиварницата била затворена во 1920. Во 1869 била отворена гимназија. Во 1848/49 бил изграден патот од Малхов преку Варен до Нојбранденбург и со неговото поврзување на железницата Варен-Малхин во 1879, Варен се развил во сообраќаен јазол. Во 1885 била отворена Мекленбуршката јужна железница од Пархим преку Варен до Нојбранденбург, а во 1886 следело поврзувањето со железницата Лојд од Нојштрелиц преку Варен до Росток.
Во 1920 коњичкиот капетан Штефан фон ле Форт (1884–1953) од Гут Бек собрал група на борци од Слободниот корпус околу него и наметнал опсадна состојба на градот Варен во текот на Каповскиот пуч на 17 март 1920. На 18 март, тој и неговиот братучед, подофицерот Петер Александер фон ле Форт, дале наредби да се пука од топ и три митралези на самиот град од Галгенберг (Galgenberg), притоа убивајќи пет лице и единаесет лица ранети. Откако пучот бил задушен, обајцата побегнале во Минхен и Австрија, а семејниот имот бил заземен од Слободната Држава Мекленбург-Штрелиц.[3] На задната страна на Градското собрание сè уште може да се види дупка од куршум, како потсетник на аферата.
Во 1920, градот започнал да собира данок за бањи. На 3 декември 1920, Варен станал административно седиште на истоимениот округ. На 11 ноември 1925, општинската заедница Ребел била припоена кон општинската заедница Варен. Во 1925 биле пуштени во употреба првите електрични светилки. Во истата година, пристаништето Варен го достигнало својот економски врв, преку него поминале над 22.330 тони добра.
На изборите на 1 ноември 1931, нацистите биле најголема партија. Тие го назначиле окружниот претседател (Amtshauptmann) на 1 април 1932 и градоначалник во декември 1932. Во текот на Нацистичка Германија, Евреите биле бркани, протерувани и убивани во концентрациските кампови. Еврејската заедница, која броела 150 лица во средината на XIX век, се смалила на само девет до април 1938. Старата синагога била продадена во 1936 на приватно лице, па така не била уништена од нацистите. Меѓутоа, еврејските гробишта биле осквернавени и уништени во Кристалната ноќ. Од 1961 постои споменик во нивна чест. Во 1942 не останал ниеден Евреин во Варен.[4]
Од 1936 постоела фабрика на Dürener Metallwerke, снабдувачи на воено-авионската индустрија. Неколку илјадници воени затворени, како и мажи и жени од окупираните земји, биле користени како принудни работници, кои работеле во нечовечки услови.
За да се обезбеди сместување за германската работна сила, од 1936 до 1941, била изградена нова станбена област (Westsiedlung). Поради ова, населението се зголемило за повеќе од 4.000 жители. Во Варенсхоф била основана поморска база (Marinenlager).
Во текот на Втората светска војна била поставена поморска болница во бањите Мирицхее. Во текот на последните месеци на војната, основното училиште, гимназијата и хотелот Варенер Хоф станале болници. На 1 мај 1945, Црвената армија го окупирала градот без борба.
Во октомври, советскиот воен командант станал нов градоначалник. До крајот на годината, над 6.000 бегалци од источните територии дошле во градот. До пролетта 1946 постоела епидемија на туфус, која однела многу жртви. Дел од железницата до Росток и Нојштрелиц, како и делови на линијата од Малхов до Каров и Меленхаген била затворена, а пругите отстранети.
Во 1970-тите, големи делови на историските стар град биле срушени; жртвувани за новиот сообраќаен систем. Подоцна се појавило движење за заштита и спас на преостанатиот дел од Стариот град.
Во текот на Студената војна, Варен бил дом на едно од четирите централни јадрени ракетни депоа на советската војска во Германија.
Во 1991, по повторното обединување на Германија, стариот дел на градот помеѓу езерото Мириц и Тифваренското Езеро бил обновен како дел од програмата за урбан развој.
Сите податоци за бројот на населението се пресметани според 31 декември.
|
|
Постои голем број на официјални паркови околу Варен, како Природниот парк Носентинер/Швинцер или Националниот парк Мириц.
Во историскиот дел на Варен (Мириц) се наоѓаат многу ресторани, кафулиња, барови и продавници.
Мирицојм (Müritzeum) — најголем слатководен аквариум за ендемски видови на риби во Германија и има интерактивна изложба за атракциите од областа на Мириц. Истовремено, Мирицојм служи како информациски и центар за посетители на целата Мекленбуршка Езерска Област. Можат да се видат над 40 видови на риба од Мекленбург-Западна Померанија.
Црквата Св. Ѓорѓи потекнува од почетокот на XIV век. Објектот е направен од тули. Западната кула е од 1414. Во 1699 била зафатена од пожар, но била повторно изградена до средината на XIX век. Парохијата на Св. Ѓорѓи има 2.300 членови.[5]
Црквата Св. Богородица е правоаголна, еднокорабна тулна градба во источниот дел на Стариот град. Новиот град (Neustadt) бил основан околу црквата. Западната кула била изградена во почетокот на XIV век. Делови од црквата се направени од остатоците од поранешниот замок, кој не постои повеќе[6]
Железничката станица во Варен (Мириц) нуди врски до Росток на Балтичкото Море, Берлин, Лајпцив и Минхен. Во рамките на градот постои автобуски превоз. Неколку регионални автобуси го поврзуваат градот со скоро секое село во округот и градовите во негова близина.
Постојат бродски врски до Клинк, Ребел, Малхов, Плау и Ланд Флезензе преку езерата во областа.
Варен е збратимен со следниве градови:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.