Повторно обединување на Германија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Повторно обединување на Германија

Повторно обединување на Германија (германски: Deutsche Wiedervereinigung) — постапка во 1990 година, со кој Германската Демократска Република (ГДР/Источна Германија) ѝ се приклучила на Сојузната Република Германија (СРГ/Западна Германија), и кога Берлин повторно се обединил во еден град, како што предвидувал членот 23 од тогашниот Устав. Крајот на постапката на обединувањето е официјално наречена Германско единство (германски: Deutsche Einheit), кое се слави на 3 октомври (Ден на германско единство).[1]

Thumb
Карта која ја покажува поделбата на Источна и Западна Германија до 1990, со Западен Берлин во жолто.

Источногерманскиот режим започнал да ослабува во мај 1989, кога започнало остранување на граничната ограда во Унгарија, што отворило дупка во Железната завеса. Тоа предизвикало навала на илјадници Источногерманци кои побегнале во Западна Германија и Австрија преку Унгарија. Мирната револуција, низа на протести од Источногерманци, довела до првите слободни избори во Источна Германија на 18 март 1990 и преговори помеѓу ГДР и СРГ, кои довеле со Договор за обединување,[1] додека преговорите помеѓу ГДР и СРГ и четирите окупациски сили се наречени „Договор Два плус Четири“ доделувајќи целосна сувереност за обединетата германска држава, чии два дела претходно биле попречени со голем број ограничувања потекнувајќи од нивните повоен статус како окупирани региони. Обединетата Германија останала член на Европската заедница (подоцна Европска Унија) и на НАТО.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.