Синтика (грчки: Δήμος Σιντικής, Димос Синдикис) — општина во Серскиот округ на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Валовишта (или Демир Хисар; гр. Сидирокастро). Подрачјето на општината приближно се совпаѓа со она што традиционално се смета за „Демирхисарско“ („Валовишко“).

Повеќе информации Општина Синтика Δήμος Σιντικής, Карта на општина Синтика ...
Општина Синтика
Δήμος Σιντικής

Карта на општина Синтика
Податоци
Област:Централна Македонија
Округ:Сер
Гео. област:
Население:25.592 (2021)
Седиште:Валовишта
Нас. места:44
Пошт. бр.:623 00
Пов. бр.:23230-2
Портал:sidiki.gr/
Затвори

Општината е наречена по горномакедонската област Синтика, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.

Населени места

Општината Синтика е создадена на 1 јануари 2011 г. со спојување на општините Беласица (Керкини), Валовишта (Сидирокастро), Петрич (Петрици) и општинските целини Драготин (Промахонас), Крушево (Ахладохори) и Сенгелово (Ангистро) по законот „Каликратис“.[1] Општината практично е наследник на некогашната епархија Ситника во Серскиот округ која постоела до усвојувањето на законот „Каподистријас“ во 1997 г. и е приближно слична на Демирхисарската каза на Серскиот санџак во Османлиското царство.

Општинска единица Беласица

Thumb
Поранешната општина Беласица на картата на некогашниот округ Сер.

Општинската единица Беласица со седиште во Станица Порој ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Станица Порој
  • Општински оддел Анатолу
  • Општински оддел Бутково
  • село Бутково (Κερκίνη, Керкини)
  • село Дели Хасан (Μοναστηράκι, Монастираки)
  • село Старошево (Ставрово, Σταυροδρόμι, Ставродроми)
  • село Ќулахли (или Ќулехли, Ќулекли; Κορυφούδι, Корифуди)
  • Општински оддел Џума Маала
  • село Џума Маала (Бутковска Џумаја; Λιβαδιά, Ливадија)
  • Општински оддел Горно Порој
  • Општински оддел Долно Порој
  • Општински оддел Матница
  • село Матница (ии М’тница; Μακρινίτσα, Макриница )
  • Општински оддел Неохори
  • Општински оддел Палмеш
  • село Палмеш (Καστανούσσα, Кастануса)
  • село Глибовци (или Глибовица, Глобоштица, Καλοχώρι, Калохори)
  • Општински оддел Шугово
  • село Шугово (Πλατανάκια, Платанаќа)

Општинска единица Валовишта

Thumb
Поранешната општина Валовишта на картата на некогашниот округ Сер.

Општинската единица Валовишта ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Валовишта
  • Општински оддел Камарето
  • Општински оддел Латрово
  • село Латрово (или Латарово; Χορτερό, Хортеро)
  • Општински оддел Радово
  • село Радово (или Радево; Χαροπό, Харопо)
  • Општински оддел Савек
  • село Савек (или Савјак; Βαμβακόφυτο, Вамвакофито)
  • Општински оддел Чифлиџик

Општинска единица Драготин

Thumb
Поранешната општинска целина Драготин на картата на некогашниот округ Сер.

Општинската единица Драготин опфаќа само едно населено место — Драготин (Προμαχώνας, Промахонас).

На територијата на единицата се и отпишаните села Рајковци (Καπνότοπος, Капнотопос) и Рупел (Κλειδί, Клиди).

Општинска единица Крушево

Thumb
Поранешната општинска целина Крушево на картата на некогашниот округ Сер.

Општинската единица Крушево со седиште во Крушево (Ахладохори) опфаќа три села сместени во котлина во долината на Крушевска Река (Крусовитис), затворена меѓу планините Славјанка (Алиботуш или Орвилос) од север и Шарлија (Ори Врондус) од југ.

  • Општински оддел Крушево
  • село Крушево (Αχλαδοχώρι, Ахладохори)
  • село Крчово (Καρυδοχώρι, Каридохори)
  • Општински оддел Црвишта

Општинска единица Петрич

Thumb
Поранешната општина Петрич на картата на некогашниот округ Сер.

Општинската единица Петрич ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Ветрен
  • село Ветрен (Νέο Πετρίτσι, Нео Петрици)
  • Општински оддел Голема Маала
  • Општински оддел Дервент
  • Општински оддел Мандраџик
  • Општински оддел Мрсна
  • Општински оддел Хаџи Бејлик
  • село Хаџи Бејлик (Βυρώνεια, Виронија)
  • село Горно Хаџи Бејлик (Άνω Βυρώνεια, Ано Виронија)
  • село Рамна (Ομαλό, Омало)

На територијата на општината е и село Обаја (Агриолевка), отпишано во 1960 г.

Општинска единица Сенгелово

Thumb
Поранешната општинска целина Сенгелово на картата на некогашниот округ Сер.

Општинската единица Сенгелово опфаќа само едно населено место — Сенгелово (Άγκιστρο, Ангистро).

На територијата на општинската единица се и отпишаните села Вранково (Κάτω Καρυδιά, Като Каридија), Лехово (Κρασοχώρι, Красохори), Трнка (Δαμάσκηνο, Дамаскино) и Хоџово (Άνω Καρυδιά, Ано Каридија).

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.