Хаџи Бејлик
село во Валовишко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Валовишко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Хаџи Бејлик (грчки: Βυρώνεια, Вирониja; до 1927 г. Χατζή-Μπεϊλίκ, Хаѕи-Бејлик[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]
Хаџи Бејлик Βυρώνεια | |
---|---|
Координати: 41°15.55′N 23°15.9′E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Петрич |
Надм. вис. | м | 190
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 762 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Селото се наоѓа северозападно од Сер и западно од Валовишта во живописно место во јужното подножје на Беласица. Југозападно од него е Бутковското Езеро. Селото првично било во пазувите на Беласица, но подоцна е преместено на југ кај железницата. Старото Горно Маало до 2000-тите се водело како одделно село Горно Хаџи Бејлик (Άνω Βυρώνεια) и во 2001 г. имало 75 жители.
Во XIX и почетокот на XX век Хаџи Бејлик било чисто македонско село во Демирхисарската каза. Било чифлик на Акил-бег од Сер. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хаџи Бејлик (Hadji-beylik) било село со 80 домаќинства на 270 Македонци.[4][5]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал:
„ | Хаџи Бејлик, чифлик на един серски бег, на СЗ од Демир Хисар 7 часа, до пазувите на Беласица. Повеќето се дрводелци и овчари, за кои има пространна шума и секакви дрвја. Црква во која се служи мешано; бугарско училиште со 15 ученици. 60 куќи Македонци.[6][7] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото брои 650 жители, сите Македонци христијани.[4][8]
По Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 800 Македонци, сите под Егзархијата.[4] Во него работело бугарско основно училиште со еден учител и 25 ученици.[10]
По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција според Букурешкиот договор. Истата година населението броело 306 жители, кои во во 1920 г. се зголемиле на 384 лица.[3] Во 1923-1924 г. под притисок на грчките власти се иселиле 300 лица (70 семејства) во Бугарија,[3] На нивно место власта довела грчки колонисти од Турција. Потомци на иселениците од Хаџи Бејлик денес живеат во Петрич и околината. На пописот од 1928 г. селото е претставено како мешано со 882 жители, од кои 656 лица (185 семејства) биле грчки дојденци, а останатите македонски мештани.[11]
Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Топ Чинар[12] | Τοπτσινάρ | Стронгилопиги | Στρογγυλοπηγή[13] | |
Рамна | Ράμνα | Омалос | Όμαλός[13] | село и врв на Беласица (539 м) на ЗСЗ од Хаџи Бејлик[12] |
Хаџи Аврам | Χατζαβράμ | Строфес | Στροφές[13] | |
Кална Скала | Κάλνα Σκάλα | Скала | Σκάλα[13] | месност на Беласица на ССЗ од Хаџи Бејлик[12] |
Султаница | Σουλτανίτσα | Султана | Σουλτάνα[13] | река[12] и падина СИ од Дервент |
Рамна | Ράμνα | Омалорема | Όμαλόρεμα[13] | река на ЗСЗ од Хаџи Бејлик |
Арнаути[13] или Арничи[14] | Άρναούτη | Арнаути Рема | Άρναούτη Ρέμα[13] | река СИ од Хаџи Бејлик, друго име на Султаница[14] |
Попотливица | Ποποτλίβιτσα | Пападолупа | Παπαδοπούλα[13] | гранична месност ма Беласица С од Хаџи Бејлик[12][15] |
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 353 | 833 | 1395 | 1289 | 1081 | 1029 | 905 | 762 |
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1277 | 833 | 1395 | 707 | 279 | 65 | 75 | — | — |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.