Анатолу
From Wikipedia, the free encyclopedia
Анатолу или Анадолу (грчки: Ανατολή, Анатоли; до 1927 г. Ανατολού, Анатолу[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 99 жители (2021).
Анатолу Ανατολή | |
---|---|
Координати: 41°15′N 22°56′E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Беласица |
Надм. вис. | м | 140
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 99 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
Селото е сместено во северозападното подножје на планината Круша, околу 55 км северозападно од градот Сер, на надморска височина од 140 м.[3]
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Анатолу бил турско село во Авретхисарската (Кукушка) каза на Серскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Анатолу имало 400 жители Турци.[4]
Во Грција
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 395 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 340 лица.[3]
Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 31 бегалско семејство (вкупно 158 бегалци), така што селото станало бегалска населба.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Анатоли (Ανατολή).[2]
Стопанство
Населението произведува тутун, жито и други земјоделски производи, а делумно се занимава со сточарството.[3]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 290 | 288 | 406 | 273 | 182 | 167 | 200 | 132 | 99 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Во 1919 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 65 квадратни километри.[3] Општината Анатолу била приклучена во општината Беласица во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Синтика.
Селото припаѓа на општинската единица Беласица со седиште во селото Станица Порој, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Анатолу, во кој е влегуваат и селата Соколово и Тодорово.
Наводи
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.