Синтика (општина)
општина во Демирхисарско, Егејска Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Синтика (грчки: Δήμος Σιντικής, Димос Синдикис) — општина во Серскиот округ на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Валовишта (или Демир Хисар; гр. Сидирокастро). Подрачјето на општината приближно се совпаѓа со она што традиционално се смета за „Демирхисарско“ („Валовишко“).
Повеќе информации Општина Синтика Δήμος Σιντικής, Карта на општина Синтика ...
Општина Синтика Δήμος Σιντικής | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Сер |
Гео. област: | |
Население: | 25.592 (2021) |
Седиште: | Валовишта |
Нас. места: | 44 |
Пошт. бр.: | 623 00 |
Пов. бр.: | 23230-2 |
Портал: | sidiki.gr/ |
Затвори
Општината е наречена по горномакедонската област Синтика, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.