Уставот на ВМОРО е уставо - статутарен акт на Македонската револуционерна организација, донесен на Рилскиот конгрес во 1905 година.

Кратки факти Македонска револуционерна организација (МРО) ...
Македонска револуционерна
организација (МРО)
Thumb
Затвори

Особености

Thumb
Уставот на ВМОРО

Со овој устав организацијата формално - правно е именувана во Внатрешна македоно - одринска револуционерна организација. Уставот се состои од 18 члена поделени во 5 глави.

Во првата глава е регулирана целта на организацијата, член 1 - 2, во втората глава - средставата, член 3, во третата глава се составот и устројството, член 4 - 15, четврта глава - матерјални средства, член 16, и во петтата глава се казните член 17 - 18 [1].

Оваа статија се однесува на Македонската револуционерна организација која во еден период се нарекувала и како ВМОРО и тоа почнувајќи од овој устав и затоа не треба да се меша со ВМРО (Автономистичка) бидејќи таа егзистира во други услови и во друго време.

Некои членови

Thumb
Уставот на ВМОРО од 1905 година (кликнете за да го отворите во целост)

Член 1

ВМОРО има за цел да ги сплоти во една целина сите назадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народност за извојување политичка автономија на тие две области.

Член 2

Организацијата им се спротивставува на стремежитер за делба и завладување на тие области од која и да е држава.

Член 3

За отстранување на таа цел организацијата се бори против шовинистичките пропаганди и национални расправи кои го цепат и омаловажуват населението во неговата борба против општиот непријател, дејствува за внесување на револуционерен дух и сознание и ги употребува сите средства и усилби за поскорешно и понавремено вооружување. Таа се грижи за културното и економското издигнување на организираното население и ја потпомага неговата легална борба против турската власт.

Устав

Наводи

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.