Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Луис Фиго (португалски: Luís Filipe Madeira Caeiro Figo) (4 ноември 1972, Лисабон, Португалија) - португалски поранешен фудбалер, играч од средниот ред.
Луис Фиго | |||
---|---|---|---|
Фиго во Техеран во 2015 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Луис Филипе Мадејра Каеиро Фиго | ||
Роден на | 4 ноември 1972 | ||
Роден во | Алмада, Португалија | ||
Држава | Португалија | ||
Висина | м[1] | 1,80||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред | ||
Повлекување | 2009 (36 г.) | ||
Младинска кариера | |||
Ос Пастилхас | |||
1984–1989 | Спортинг Лисабон | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1989–1995 | Спортинг Лисабон | 137 | (16) |
1995–2000 | Барселона | 172 | (30) |
2000–2005 | Реал Мадрид | 164 | (38) |
2005–2009 | Интер | 105 | (9) |
Репрезентација | |||
1988–1989 | Португалија 16 | 15 | (8) |
1989 | Португалија 17 | 6 | (2) |
1988–1990 | Португалија 18 | 21 | (8) |
1990–1991 | Португалија 20 | 12 | (0) |
1991–1994 | Португалија 21 | 7 | (0) |
1991–2006 | Португалија | 127 | (32) |
Во својата кариера долга 20 години тој играл за Спортинг Лисабон, Барселона, Реал Мадрид и Интер, пред да е пензионира на 31 мај 2009 година. Фиго има 127 настапи за португалската репрезентација, и долго бил сопственик на рекордот за најмногу настапи за репрезентацијата, пред да биде престигнат од Кристијано Роналдо во 2016.
Познат по својата креативност и дриблинг, Фиго бил сметан за еден од најдобрите фудбалери во неговата генерација.[2][3] Неговите 106 асистенции претставуваат втор најдобар резултат во Примера Дивисион, после Лионел Меси.[4] Тој ја освоил златната топка во 2000 година и бил избран за Играч на годината според ФИФА во 2001 година, а во 2004 година Пеле го вброил во ФИФА 100, списокот на најдобрите живи фудбалери во светот.[5] Фиго е еден од ретките фудбалери кој играл во Ел Класико и за двете страни; Барселона и Реал Мадрид. Неговиот контроверзен трансфер во 2000 година од Барселона во лутиот соперник Реал Мадрид за 62 милиони евра бил едно време најскапиот трансфер во историјата на фудбалот.[6]
Во својата успешна кариера Фиго освоил многу трофеи од кои меѓу најважните се: Лигата на шампионите со Реал Мадрид во сезоната 2001-2002, Купот на победниците на куповите со Барселона, четирите титули во шпанското првенство (две со Барселона и две со Реал Мадрид) и четирите титули во италијанската Серија А со Интер.
Фиго е оженет со моделот Хелен Сведин, со која имаат три деца: Даниела, Стела и Мартина.
Фиго ја започнал својата кариера во малиот клуб Пастиљас од Кова да Пиедаде, каде што живеел.[7] Наскоро тој го привлекол вниманието на Спортинг Лисабон, кој го побарале да игра за нивната екипа од училишна возраст во 1984 година.[7] Тој официјално му се приклучил на Спортинг следната година кога имал 12 години.[8]
Своето деби за првиот тим на Спортинг го имал на 1 април 1990 година, во натпревар против Маритимо.[7] Во 1989 година, уште пред да дебитира за Спортинг, Фиго го освоил својот прв трофеј откако со репрезентацијата го освоил Европското првенство за играчи под 16 години. Две години подоцна тој го освоил и Светското првенство за играчи под 20 години, победувајќи го Бразил во финалето, а во португалската репрезентацијата покрај Фиго тогаш играле уште и Руи Кошта и Жоао Пинто. Својот прв и единствен трофеј со Спортинг го освоил во Купот на Португалија во 1995 година, за време на неговата последна сезона во клубот пред заминувањето во странство.
Во летото 1995 година, Фиго бил интересен за голем број европски екипи па со самото имал можност самиот да ја одбере најдобрата опција, меѓутоа поради дилема дали да се приклучи на Јувентус или на Парма, тој потпишал договор со двата клуба, и бил казнет на две години без да може да игра во Италија. Ситуацијата натаму се решила така што Фиго потпишал за Барселона во трансфер вреден 2,25 милиони фунти. По првата сезона во Барселона која ја завршил без освоен трофеј, својот прв трофеј со каталонците го освоил во Суперкупот на Шпанија 1996, во кој Барселона била подобра од шпанскиот шампион од претходната сезона Атлетико Мадрид со вкупен резултат 6-5. Истата сезона Барселона на крилата на Фиго и на Роналдо го освоила Купот на победниците на куповите,[9] а следната сезона дошла и титулата во Примера Дивисион каде тој бил дел од силниот напад на Блауграна заедно со Ривалдо и Патрик Клајверт.
Во јули 2000 година, Фиго се преселил во лутиот соперник на Барселона, Реал Мадрид, за 62 милиони евра што тогаш претставувал најскап трансфер.[10] Со доаѓањето на Фиго во Мадрид, во клубот започнала ерата на Галактикосите, затоа што покрај Фиго за Реал во тоа време играле и други големи светски фудбалски ѕвезди како Зинедин Зидан, Роберто Карлос, Дејвид Бекам, Раул Гонсалес и така натаму.[11] Во првата сезона во Реал, тој го освоил шпанското првенство по третпат во својата кариера, а во втората сезона во клубот ја освоил титулата во Лигата на шампионите која му недостасувала во личната колекција на трофеи.[12] Во финалето одиграно на Хемпден Парк во Глазгов, кралевите го победиле Бајер Леверкузен со 2-1, а Фиго играл до 61-вата минута кога бил заменет од Стив МекМанаман.[13] Последователно тој му помогнал на клубот да ги освои Суперкупот на УЕФА со победа од 3-1 над Фејенорд[14] и Интерконтиненталниот куп со победа над јужноамериканскиот шампион Олимпија со 2-0.[15] Својот последен трофеј како играч на Реал Мадрид го освоил во Суперкупот на Шпанија 2003 со победата над Мајорка со вкупен резултат 4-2.
Во август 2005 година, Фиго потпишал за италијанскиот Интер како слободен играч, откако неговиот договор со Реал Мадрид истекол во јуни истата година.[16] Со Интер освоил четири скудета вклучувајќи го и она од третото место на табелата во неговата прва сезона, кога титулата на Интер накнадно му била доделена откако на регуларниот шампион Јувентус му била одземена титулата, а второпласираниот Милан бил казнет со одземање на бодови и во двата случаи заради вмешаност во скандал со наместени натпревари. Во август 2006 година, тој го постигнал победничкиот гол за нероаѕурите во првото продолжение со кој тие ја победиле Рома со 4-3 и го освоиле Суперкупот на Италија.[17] Својот последен натпревар во кариерата Интер-Аталанта го одиграл на 31 мај 2009, носејќи ја за првпат капитенската лента на клубот.[18]
За португалската репрезентација Фиго дебитирал во 1991 година, на возраст од само 18 години, во пријателски натпревар против Луксембург што завршил 1-1.[19] Вкупно за репрезентацијата одиграл 127 натпревари и во моментов е втор по бројот на настапи - заостанувајќи само зад Кристијано Роналдо[20]- и четврти по бројот на постигнати голови со 32.[20]
Тој ја претставувал својата земја на две Светски (2002 и 2006) и три Европски првенства (1996, 2000 и 2004), а најдобриот резултат го забележал на Европското првенство 2004 на домашен терен, каде Португалија стигнала до финалето во кое загубиле од Грција.[21]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Португалија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
12-10-1991 | Луксмбург | Луксембург | 1 – 1 | Португалија | Пријателска | - | ||
16-10-1991 | Ротердам | Холандија | 0 – 1 | Португалија | Квал. за Евро 1992 | - | ||
20-11-1991 | Лисабон | Португалија | 1 – 0 | Грција | Квал. за Евро 1992 | - | ||
12-2-1992 | Фаро | Португалија | 2 – 0 | Холандија | Пријателска | - | ||
31-5-1992 | Њу Хејвен | Италија | 0 – 0 | Португалија | ЈуЕс куп | - | ||
3-6-1992 | Чикаго | САД | 0 – 1 | Португалија | ЈуЕс куп | - | ||
7-6-1992 | Фоксборо | Португалија | 0 – 2 | Ирска | ЈуЕс куп | - | ||
2-9-1992 | Линц | Австрија | 1 – 1 | Португалија | Пријателска | - | ||
14-10-1992 | Глазгов | Шкотска | 0 – 0 | Португалија | Квал. за СП 1994 | - | ||
11-11-1992 | Сент Уан | Португалија | 2 – 1 | Бугарија | Пријателска | 1 | ||
24-1-1993 | Та Кали | Малта | 0 – 1 | Португалија | Квал. за СП 1994 | - | ||
10-2-1993 | Фаро | Португалија | 1 – 1 | Норвешка | Пријателска | - | ||
24-2-1993 | Порто | Португалија | 1 – 3 | Италија | Квал. за СП 1994 | - | ||
31-3-1993 | Берн | Швајцарија | 1 – 1 | Португалија | Квал. за СП 1994 | - | ||
19-6-1993 | Порто | Португалија | 4 – 0 | Малта | Квал. за СП 1994 | - | ||
19-1-1994 | Виго | Шпанија | 2 – 2 | Португалија | Пријателска | - | ||
7-9-1994 | Белфаст | Северна Ирска | 1 – 2 | Португалија | Квал. за Евро 1996 | - | ||
9-10-1994 | Рига | Латвија | 1 – 3 | Португалија | Квал. за Евро 1996 | 1 | ||
13-11-1994 | Лисабон | Португалија | 1 – 0 | Австрија | Квал. за Евро 1996 | 1 | ||
18-12-1994 | Лисабон | Португалија | 8 – 0 | Лихтенштајн | Квал. за Евро 1996 | - | ||
22-2-1995 | Ајндховен | Холандија | 0 – 1 | Португалија | Пријателска | - | ||
26-4-1995 | Даблин | Ирска | 1 – 0 | Португалија | Квал. за Евро 1996 | - | ||
3-6-1995 | Порто | Португалија | 3 – 2 | Латвија | Квал. за Евро 1996 | 1 | ||
3-9-1995 | Порто | Португалија | 1 – 1 | Северна Ирска | Квал. за Евро 1996 | - | ||
15-11-1995 | Лисабон | Португалија | 3 – 0 | Ирска | Квал. за Евро 1996 | - | ||
12-12-1995 | Лисабон | Португалија | 1 – 1 | Англија | Квал. за Евро 1996 | - | ||
21-2-1996 | Порто | Португалија | 1 – 2 | Германија | Пријателска | - | ||
9-6-1996 | Шефилд | Данска | 1 – 1 | Португалија | Евро 1996 - Прва фаза | - | ||
14-6-1996 | Нотингем | Португалија | 1 – 0 | Турција | Евро 1996 - Прва фаза | - | ||
19-6-1996 | Нотингем | Хрватска | 0 – 3 | Португалија | Евро 1996 - Прва фаза | 1 | ||
23-6-1996 | Бирмингем | Чешка | 1 – 0 | Португалија | Евро 1996 - Четвртфинале | - | ||
5-10-1996 | Киев | Украина | 2 – 1 | Португалија | Квал. за СП 1998 | - | ||
9-10-1996 | Тирана | Албанија | 0 – 3 | Португалија | Квал. за СП 1998 | 1 | ||
9-11-1996 | Порто | Португалија | 1 – 0 | Украина | Квал. за СП 1998 | - | ||
14-12-1996 | Лисабон | Португалија | 0 – 0 | Германија | Квал. за СП 1998 | - | ||
22-1-1997 | Брага | Португалија | 0 – 2 | Франција | Пријателска | - | ||
19-2-1997 | Атина | Грција | 0 – 0 | Португалија | Пријателска | - | ||
29-3-1997 | Белфаст | Северна Ирска | 0 – 0 | Португалија | Квал. за СП 1998 | - | ||
7-6-1997 | Порто | Португалија | 2 – 0 | Албанија | Квал. за СП 1998 | 1 | ||
20-8-1997 | Сетубал | Португалија | 3 – 1 | Ерменија | Квал. за СП 1998 | 1 | ||
6-9-1997 | Берлин | Германија | 1 – 1 | Португалија | Квал. за СП 1998 | - | ||
11-10-1997 | Лисабон | Португалија | 1 – 0 | Северна Ирска | Квал. за СП 1998 | - | ||
22-4-1998 | Лондон | Англија | 3 – 0 | Португалија | Пријателска | - | ||
19-8-1998 | Понта Делгада | Португалија | 2 – 1 | Мозамбик | Пријателска | - | ||
6-9-1998 | Будимпешта | Унгарија | 1 – 3 | Португалија | Квал. за Евро 2000 | - | ||
10-10-1998 | Порто | Португалија | 0 – 1 | Романија | Квал. за Евро 2000 | - | ||
14-10-1998 | Братислава | Словачка | 0 – 3 | Португалија | Квал. за Евро 2000 | - | ||
18-11-1998 | Сетубал | Португалија | 2 – 0 | Израел | Пријателска | - | ||
10-2-1999 | Париз | Холандија | 0 – 0 | Португалија | Пријателска | - | ||
26-3-1999 | Гимараеш | Португалија | 7 – 0 | Азербејџан | Квал. за Евро 2000 | - | ||
31-3-1999 | Вадуц | Лихтенштајн | 0 – 5 | Португалија | Квал. за Евро 2000 | 1 | ||
5-6-1999 | Лисабон | Португалија | 1 – 0 | Словачка | Квал. за Евро 2000 | - | ||
9-6-1999 | Коимбра | Португалија | 8 – 0 | Лихтенштајн | Квал. за Евро 2000 | - | ||
18-8-1999 | Лисабон | Португалија | 4 – 0 | Андора | Пријателска | 1 | ||
4-9-1999 | Баку | Азербејџан | 1 – 1 | Португалија | Квал. за Евро 2000 | 1 | ||
8-9-1999 | Букурешт | Романија | 1 – 1 | Португалија | Квал. за Евро 2000 | 1 | ||
9-10-1999 | Лисабон | Португалија | 3 – 0 | Унгарија | Квал. за Евро 2000 | - | ||
23-2-2000 | Шарлроа | Белгија | 1 – 1 | Португалија | Пријателска | - | ||
29-3-2000 | Леирија | Португалија | 2 – 1 | Данска | Пријателска | - | ||
26-4-2000 | Реџо Калабрија | Италија | 2 – 0 | Португалија | Пријателска | - | ||
2-6-2000 | Чавес | Португалија | 3 – 0 | Велс | Пријателска | 1 | ||
12-6-2000 | Ајндховен | Португалија | 3 – 2 | Англија | Евро 2000 - Прва фаза | 1 | ||
17-6-2000 | Арнем | Романија | 0 – 1 | Португалија | Евро 2000 - Прва фаза | - | ||
24-6-2000 | Амстердам | Турција | 0 – 2 | Португалија | Евро 2000 - Четвртфинале | - | ||
28-6-2000 | Брисел | Франција | 2 – 1 | Португалија | Евро 2000 - Полуфинале | - | ||
16-8-2000 | Визеу | Португалија | 5 – 1 | Литванија | Пријателска | 1 | ||
3-9-2000 | Талин | Естонија | 1 – 3 | Португалија | Квал. за СП 2002 | 1 | ||
7-10-2000 | Лисабон | Португалија | 1 – 1 | Ирска | Квал. за СП 2002 | - | ||
11-10-2000 | Ротердам | Холандија | 0 – 2 | Португалија | Квал. за СП 2002 | - | ||
15-11-2000 | Брага | Португалија | 2 – 1 | Израел | Пријателска | 1 | ||
28-2-2001 | Фуншал | Португалија | 3 – 0 | Андора | Квал. за СП 2002 | 2 | ||
28-3-2001 | Порто | Португалија | 2 – 2 | Холандија | Квал. за СП 2002 | 1 | ||
25-4-2001 | Сен Дени | Франција | 4 – 0 | Португалија | Пријателска | - | ||
2-6-2001 | Даблин | Ирска | 1 – 1 | Португалија | Квал. за СП 2002 | 1 | ||
15-8-2001 | Фаро | Португалија | 3 – 0 | Молдавија | Пријателска | 3 | ||
1-9-2001 | Леида | Андора | 1 – 7 | Португалија | Квал. за СП 2002 | - | ||
5-9-2001 | Ларнака | Кипар | 1 – 3 | Португалија | Квал. за СП 2002 | - | ||
6-10-2001 | Лисабон | Португалија | 5 – 0 | Естонија | Квал. за СП 2002 | 1 | ||
14-11-2001 | Лисабон | Португалија | 5 – 1 | Ангола | Пријателска | 1 | ||
13-2-2002 | Барселона | Шпанија | 1 – 1 | Португалија | Пријателска | - | ||
17-4-2002 | Лисабон | Португалија | 1 – 1 | Бразил | Пријателска | - | ||
25-5-2002 | Макао | Кина | 0 – 2 | Португалија | Пријателска | - | ||
5-6-2002 | Сувон | САД | 3 – 2 | Португалија | СП 2002 - Прва фаза | - | ||
10-6-2002 | Џеонџу | Португалија | 4 – 0 | Полска | СП 2002 - Прва фаза | - | ||
14-6-2002 | Инчеон | Португалија | 0 – 1 | Јужна Кореја | СП 2002 - Прва фаза | - | ||
7-9-2002 | Бирмингем | Англија | 1 – 1 | Португалија | Пријателска | - | ||
12-10-2002 | Лисабон | Португалија | 1 – 1 | Тунис | Пријателска | - | ||
16-10-2002 | Гетеборг | Шведска | 2 – 3 | Португалија | Пријателска | - | ||
20-11-2002 | Брага | Португалија | 2 – 0 | Шкотска | Пријателска | - | ||
12-2-2003 | Џенова | Италија | 1 – 0 | Португалија | Пријателска | - | ||
2-4-2003 | Лозана | Португалија | 1 – 0 | Македонија | Пријателска | 1 | ||
30-4-2003 | Ајндховен | Холандија | 1 – 1 | Португалија | Пријателска | - | ||
6-6-2003 | Брага | Португалија | 0 – 0 | Парагвај | Пријателска | - | ||
20-8-2003 | Чавес | Парагвај | 1 – 0 | Казахстан | Пријателска | - | ||
6-9-2003 | Гимараеш | Португалија | 0 – 3 | Шпанија | Пријателска | - | ||
10-9-2003 | Осло | Норвешка | 0 – 1 | Португалија | Пријателска | - | ||
11-10-2003 | Лисабон | Португалија | 5 – 3 | Албанија | Пријателска | 1 | ||
15-11-2003 | Авеиро | Португалија | 1 – 1 | Грција | Пријателска | - | ||
19-11-2003 | Леирија | Португалија | 8 – 0 | Кувајт | Пријателска | 1 | ||
18-2-2004 | Фаро | Португалија | 1 – 1 | Англија | Пријателска | - | ||
31-3-2004 | Брага | Португалија | 1 – 2 | Италија | Пријателска | - | ||
28-4-2004 | Коимбра | Португалија | 2 – 2 | Шведска | Пријателска | - | ||
29-5-2004 | Агеда | Португалија | 3 – 0 | Луксембург | Пријателска | 1 | ||
5-6-2004 | Сетубал | Португалија | 4 – 1 | Литванија | Пријателска | - | ||
12-6-2004 | Порто | Португалија | 1 – 2 | Грција | Евро 2004 - Прва фаза | - | ||
16-6-2004 | Лисабон | Русија | 0 – 2 | Португалија | Евро 2004 - Прва фаза | - | ||
20-6-2004 | Лисабон | Шпанија | 0 – 1 | Португалија | Евро 2004 - Прва фаза | - | ||
24-6-2004 | Лисабон | Португалија | 2 – 2 прод. (6 - 5 пен.) | Англија | Евро 2004 - Четвртфинале | - | ||
30-6-2004 | Лисабон | Португалија | 2 – 1 | Холандија | Евро 2004 - Полуфинале | - | ||
4-7-2004 | Лисабон | Португалија | 0 – 1 | Грција | Евро 2004 - Финале | - | ||
4-6-2005 | Лисабон | Португалија | 2 – 0 | Словачка | Квал. за СП 2006 | - | ||
8-6-2005 | Талин | Естонија | 0 – 1 | Португалија | Квал. за СП 2006 | - | ||
17-8-2005 | Понта Делгада | Португалија | 2 – 0 | Египет | Пријателска | - | ||
3-9-2005 | Фаро | Португалија | 6 – 0 | Луксембург | Квал. за СП 2006 | - | ||
7-9-2005 | Москва | Русија | 0 – 0 | Португалија | Квал. за СП 2006 | - | ||
8-10-2005 | Авеиро | Португалија | 2 – 1 | Лихтенштајн | Квал. за СП 2006 | - | ||
12-10-2005 | Порто | Португалија | 3 – 0 | Латвија | Квал. за СП 2006 | - | ||
1-3-2006 | Диселдорф | Португалија | 3 – 0 | Саудиска Арабија | Пријателска | - | ||
27-5-2006 | Евора | Португалија | 4 – 1 | Зелен ’Рт | Пријателска | - | ||
3-6-2006 | Мец | Португалија | 3 – 0 | Луксембург | Пријателска | 1 | ||
11-6-2006 | Келн | Ангола | 0 – 1 | Португалија | СП 2006 - Прва фаза | - | ||
17-6-2006 | Франкфурт | Португалија | 2 – 0 | Иран | СП 2006 - Прва фаза | - | ||
21-6-2006 | Гелзенкирхен | Португалија | 2 – 1 | Мексико | СП 2006 - Прва фаза | - | ||
25-6-2006 | Нирнберг | Португалија | 1 – 0 | Холандија | СП 2006 - Осминафинале | - | ||
1-7-2006 | Гелзенкирхен | Англија | 0 – 0 прод. (1 - 3 пен.) | Португалија | СП 2006 - Четвртфинале | - | ||
5-7-2006 | Минхен | Португалија | 0 – 1 | Франција | СП 2006 - Полуфинале | - | ||
8-7-2006 | Штутгарт | Германија | 3 – 1 | Португалија | СП 2006 - Натпревар за 3. место | - | ||
Вкупно | Настапи (2. место) | 127 | Голови (4. место) | 32 |
Во февруари 2015 година, на стадионот „Вембли“, Фиго ја започнал својата кампања за изборите на претседател на ФИФА, како еден од четворицата кандидати за оваа функција. Притоа, во неговата изборна кампања тој се залагал за зголемување на бројот на репрезентациите кои играат на светските првенства на 40 или 48.[22]
Статистиката е ажурирана на 16 април 2020.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
1989-1990 | Спортинг Лисабон | ПД | 3 | 0 | КП | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 3 | 0 |
1990-1991 | ПД | 0 | 0 | КП | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 0 | 0 | |
1991-1992 | ПД | 34 | 1 | КП | 7 | 0 | КУ | 2 | 0 | - | - | - | 43 | 1 | |
1992-1993 | ПД | 32 | 0 | КП | 8 | 1 | КУ | 2 | 0 | - | - | - | 42 | 1 | |
1993-1994 | ПД | 31 | 8 | КП | 1 | 0 | КУ | 3 | 0 | - | - | - | 35 | 8 | |
1994-1995 | ПД | 29 | 7 | КП | 7 | 3 | КУ | 2 | 0 | - | - | - | 38 | 10 | |
Вкупно Спортинг | 129 | 16 | 23 | 4 | 9 | 0 | - | - | 161 | 20 | |||||
1995-1996 | Барселона | ПД | 35 | 5 | КШ | 8 | 1 | CU | 10 | 3 | - | - | - | 53 | 9 |
1996-1997 | ПД | 36 | 4 | КШ | 8 | 2 | КПК | 8 | 1 | СШ | 1 | 0 | 53 | 7 | |
1997-1998 | ПД | 35 | 5 | КШ | 1 | 0 | ЛШ | 7 | 1 | СШ+СУ | 1+2 | 0 | 46 | 6 | |
1998-1999 | ПД | 34 | 7 | КШ | 9 | 1 | ЛШ | 6 | 1 | СШ | 1 | 0 | 50 | 9 | |
1999-2000 | ПД | 32 | 9 | КШ | 0 | 0 | ЛШ | 13 | 5 | СШ | 2 | 0 | 47 | 14 | |
Вкупно Барселона | 172 | 30 | 26 | 4 | 44 | 11 | 7 | 0 | 249 | 45 | |||||
2000-2001 | Реал Мадрид | ПД | 34 | 7 | КШ | 0 | 0 | ЛШ | 14 | 5 | СУ+ИнтК | 1+1 | 0 | 50 | 12 |
2001-2002 | ПД | 29 | 7 | КШ | 6 | 1 | ЛШ | 10 | 3 | СШ | 2 | 0 | 47 | 11 | |
2002-2003 | ПД | 33 | 10 | КШ | 1 | 0 | ЛШ | 15 | 2 | СУ+ИнтК | 1+1 | 0 | 51 | 12 | |
2003-2004 | ПД | 36 | 9 | КШ | 6 | 2 | ЛШ | 11 | 2 | SS | 2 | 1 | 55 | 14 | |
2004-2005 | ПД | 32 | 3 | КШ | 0 | 0 | ЛШ | 10 | 4 | - | - | - | 42 | 7 | |
Вкупно Реал Мадрид | 164 | 36 | 13 | 3 | 60 | 16 | 8 | 1 | 245 | 56 | |||||
2005-2006 | Интер | А | 34 | 5 | КИ | 3 | 0 | ЛШ | 8 | 1 | - | - | - | 45 | 6 |
2006-2007 | А | 32 | 2 | КИ | 7 | 0 | ЛШ | 7 | 0 | СИ | 1 | 1 | 47 | 3 | |
2007-2008 | А | 17 | 1 | КИ | 1 | 0 | ЛШ | 3 | 0 | СИ | 1 | 0 | 22 | 1 | |
2008-2009 | А | 22 | 1 | КИ | 0 | 0 | ЛШ | 3 | 0 | СИ | 1 | 0 | 26 | 1 | |
Вкупно Интер | 105 | 9 | 11 | 0 | 21 | 1 | 3 | 1 | 140 | 11 | |||||
Вкупно во кариерата | 570 | 91 | 73 | 11 | 134 | 28 | 18 | 2 | 795 | 132 |
КлупскиСпортинг Лисабон
Барселона
Реал Мадрид
Интер
Репрезентативни
|
Поединечни
|
Орден Инфанта на Дон Енрике
— 2004
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.