From Wikipedia, the free encyclopedia
Бивол или домашен азиски бивол (науч. Bubalus bubalis) — големо говедо со потекло од јужна Азија, југоисточна Азија и Кина. Денес се среќава во Европа, Австралија и некои земји во Америка.[1] Дивиот бивол (Bubalus arnee) од југоисточна Азија се смета за различен вид, но најверојатно е предокот на домашниот бивол.[2]
Бивол | |
---|---|
Женка и теле | |
припитомен | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Парнокопитни |
Семејство: | Шуплороги |
Потсемејство: | Говеда |
Род: | Бивол |
Вид: | Бивол |
Научен назив | |
Bubalus bubalis (Linnaeus, 1758) | |
| |
Распространетост на биволот (2004) |
Според морфолошките и етолошките критериуми, разликуваме два типа на биволи — речен (од јужна Азија, па на запад до Балканот, во Египет и Италија) и блатен (од Асам на запад, преку југоисточна Азија до долината Јангцекјанг во Кина на исток).[1][3] Потеклото на овие два типа е спорно, но филогенетските истражувања укажуваат дека блатниот тип е со потекло до Кина, припитомен пред 4.000 години, додека пак речниот тип е од Индија, припитомен пред околу 5.000 години.[4] Со биволи се тргувало во Индската цивилизација (во денешен Пакистан) до Месопотамија (во денешен Ирак), околу 2500 г. пр. н. е.[5] Печатот на писарот на акадскиот крал има претстава на жртвување на биволи.[6]
Биволите се особено погодни за орање на оризарниците, а нивното млеко е побогато со масти и белковини од она на другите млекодајни говеда. Големите подивени населенија во северна Австралија се установиле кон крајот на XIX век, а мали подивени стада има и во Нова Гвинеја, Тунис и североисточна Аргентина.[1] Денес има барем 130 милиони домашни биволи, и од нив за издршка зависат повеќе луѓе отколку од били кое друго домашно животно.[7]
Ова животно одамна се одгледува во Македонија. Според едни, биволот е доведен од Александар Македонски по неговите освојувања во денешна Индија и Пакистан[8], додека според други, животното е донесено од Османлиите. За разлика од поранешната бројност, во последните 60 години биволот бележи голем пад поради помасовната индустријализација. Така, во 40-тите и 50-тите години на XX век имало оиколу 5000 грла биволи во разни делови од земјата, додека пак денес нивниот број и географска распределеност се е многу ограничени. Во 2007 г. е направен посебен конзерваторски напор, со кој е обновен бројот на биволи во с. Дебреште, Прилепско, со оплодување на биволиците со мажјак донесен од Швајцарија по иницијатива на битолската организација „Биосфера“, од кои денес се произведува моцарела.[8] Со цел застапување на ова животно е создадена невладината организација „Брешко“.[9]
Примероци од животното можат да се видат во скопската[10] и битолската зоолошка градина[11].
Речните биволи имаат црна кожа, но неки примероци имаат боја на темен шркилец. Блатните се раѓаат со сива кожа, а со време стануваат шрилесто сини. Речните имаат издолжени глави, помали се по обем, и имаат поголеми нозе од блатните. Грпката им е подолга и се смалува попостепено. Роговите одат надолу и наназад, па потоа се извиткуваат нагоре, во завој. Блатниот бивол е подебел, потежок и понабиен; има кратко тело и голем стомак. Челото е рамно, очите се истакнати, лицето му е кусо, а муцката е широка. Вратот е споредбено долг, а грпката и задникот се истакнати. Грбниот срт е издолжен наназад и нагло завршува веднаш пред крајот на градите. Роговите излегуваат нанадвор, па се свиваат во полукруг, но секогаш остануваат на иста рамнина со челото. Опашката е куса и доаѓа само до скочните зглобови. Бисината се движи од 129 до 133 см кај мажјаците и 120 до 127 см кај женките. Тешки се 300-550 кг, но забележани се и примероци тешки преку 1000 кг.[1]
Блатниот бивол има 48 хромозоми, а речниот има 50. Меѓусебно потешко се размножуваат, но сепак може да се добие плоден пород. Биволот не може да се вкрсти со другите говеда, односно зародишот не може да се развие.[12]
Бурагот на биволот значајно се разликува од оној на другите преживари.[13] Содржи голем број бактерии, особено од целулозен тип, нижи праживотни и виши габи зооспори. Покрај ова, утврдени се повисоки количества на амонијак азот (NH4-N) и поголема pH-вредност во споредба со останатата стока.[14]
Речните биволи претпочитаат подлабока вода. Блатните сакаат да се валкаат во дупки со кал, кои ги копаат со роговите. Валкајќи се, добиваат дебела облога од кал.[1] Обата типа се добро прилагодени на топла и влажна клима, на температура од 0 °C во зима до 30 °C и повеќе лете. Во топлите краишта, пристапот до вода е од големо значење, бидејќи ова е начин на кој вршат терморегулација. Некои раси се приспособени за солен песоклив терен кај море.[15]
Биволите се хранат со разни видови водни растенија. Во услови на поплава, ги нурнуваат главите под вода, откинуваат растенија и излегуваат на површина за да ги однесат. Јадат трски, италијански трски, острика, воден зумбул и мочуришни треви. Некои од овие растенија имаат голема вредност за месното население, додека пак други, како водниот зумбул, претставуваат голем проблем во тропските долини и исхраната на биволите со нив се смета за корисна работа.
На биволите им се дава зелена крма со цел да се засили млекодајноста и кога се товат. Многу сточни култури се прибираат во облик на сено, плева или како каша. Меѓу нив се луцерката, листовите и дршките од бананата, касавата, сточната репка, халфата, белоглавата мимоза и конопниот хибискус (кенаф), пченката, овеспт, сунѓерот Pandaros, кикиритките, сиракот, соините зрна, шеќерната трска, багасата и трупките. Можат да јадат и На некои места им се дава и каша од отпадочен материјал од агруми и ананас. Во Египет, на млекодајните биволици им се даваат цели урми, сочинувајќи до 25% од исхраната.[1]
Блатниот бивол достигнува полова зрелост подоцна од речниот. Младите мажјаци во Египет, Индија и Пакистан се парат на возраст од 3–3,5 години, но во Италија ги парат и на возраст од 2 години. Животното престанува да биде плодно на возраст од 12 години или подоцна. Добар речен бивол може да оплоди 100 биволици годишно. Врз размножувањето влијае и годишното време; високите температури го намалуваат либидото кај животното.[1]
Стапката на зачнување и отелување кај женките исто така зависи од годишното време.[16] Младите биволици добиваат нагон за парење на возраст од 13–33 месеци, но парењето на ваква возраст обично не дава плод, поради што се чека додека не наполнат 3 години. Бременоста трае 281–334 дена, но највеќето наоди укажуваат на 300 до 320 дена. Блатните биволици се отелуваат 1-2 недели подоцна од речните. И покрај неплодноста по извесен број години, биволите продолжуваат да бидат работоспособни до возраст од 30 и повеќе години.[1]
Начинот на чување и одгледување на биволите зависи од целта за која се користат. Највеќето биволи работат во поединечни домаќинства, живеат блиску до стопанот и најчесто се најголемото капитално средство во домашното стопанство. Женските членови на семејството се грижат за млекодајните биволици, додека пак машките ги чуваат и работат со биволите за орање. Ова е најдоброто животно за работа во длабоката кал на оризарници поради големите копита и свитливоста на глуждовите. Поради ова се нарекуваат „жив трактор на истокот“ и со нив се ора подлабоко отколку со волови и коњи. Биволот претставува најсиплатлив начин на обработка на помали ниви. Во највеќето оризопроизведувачи земји, биволот се користи и за вршење, како и за превоз на снопови при бербата на ориз. Воедно, животното се користи за вртење витли на гмечалки за маслодајна репка, шеќерна трска и направи за вадење на вода. Во Индија и Пакистан се ставаат поголеми групи биволи кога има потреба од тешка влеча. При освојувањето на Европа, осмалиите со нив влечеле опсадни овни. Изметот се користи како ѓубриво, а кога ќе се исуши, и како гориво.[1]
Биволите имаат удел од 72 милиони тони млеко и три милиони тони месо годишно во светот, од кои највеќе во подрачја подложни на неурамнотеженост во исхраната. Во Индија, речниот бивол се чува предежно за молзење и превоз, а блатниот служи за работа.[17]
Млекото на биволот има поинакви физиохемиски особености од она на другите преживари, како сразмерно повеќе масни киселини и белковини.[18] Исто така, постои разлика помеѓу млекото на водниот и она на блатниот бивол.[19] Биволското млеко има повеќе вкупни цврсти материи, сирова белковина, масти, калциум, фосфор и малку повеќе лактоза во споредба со кравјото млеко. Поради густината, ваквото млеко е особено погодно за преработка во најразлични млечни производи. Количеството на соединета линолна киселина се движи од 4,4 мг/г масленост во септември 7,6 мг/г масленост во јуни. Составот на млекото на водниот бивол зависи и од наследните чинители, како и од годишното време.[20]
10 најголеми производители на биволско млеко (2008)[21] | ||||
---|---|---|---|---|
Земја | Производство (тони) | Белешка | ||
Индија | 56.960.000 | неофициј, полуофиц., рекон. | ||
Пакистан | 21.500.000 | официјално | ||
Кина | 2.900.000 | проценка на ФАО | ||
Египет | 2.300.000 | проценка на ФАО | ||
Непал | 930.000 | проценка на ФАО | ||
Иран | 241.500 | проценка на ФАО | ||
Бурма | 205.000 | проценка на ФАО | ||
Италија | 200.000 | проценка на ФАО | ||
Турција | 35.100 | проценка на ФАО | ||
Виетнам | 31.000 | проценка на ФАО | ||
Цел свет | 85 396 902 | |||
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.