Асам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Асам е сојузна држава во Индија со површина од 78.438 км2 и 31.169.272 жители (сос: 2011). Се наоѓа на југоистокот на Индија на источните Хималаи. Асам го опкружуваат другите североисточни држави како Аруначал Прадеш, Нагаланд, Манипур, Мизорам, Трипура и Мегалаја. Трговски центар на Асам Гувахати претставува врска со североисточните држави нарекувани и „седум сестри“. Тие држави се поврзани со остатокот на Индија со тесен коридор т.н „пилешки врат“. Асам граничи и со Бутан и Бангладеш.
Асам | |
---|---|
Asam- অসম | |
Држава: | Индија |
Главен град: | Диспур |
Површина: | 78.438 км2 |
Население: | 31.169.272 (2011) |
Густина на население: | 397 жит/км2 |
Јазик: | асамски , бодо и карби |
Религија: | |
Мрежно место: | assam.gov.in/ |
Мапа | |
Асам произведува меѓу најфините и најскапите чаеви на светот. Чајната индустрија ја развиле Англичаните во текот на колонијалниот период. Донесувале работна сила од Бихар и Ориса и со тоа ја менувале демографската слика на регионот. Асам произведува и значајни количини на нафта и гас. Асам е второ место во светот на кое е откриена нафта (по САД).
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.