Синхроно оптичко вмрежување
From Wikipedia, the free encyclopedia
Синхроно оптичко вмрежување (англиски: Synchronous optical networking), е метод за пренос на дигитални информации со користење на ласери или светлосни диоди (LED) низ оптичко влакно. Методот е развиен како замена на PDH (Plesiochronous Digital Hierarchy) системите за пренос на податоци и говор. Системот озвозможува интероперабилност на опремата од различни производители.
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Петте нивоа на TCP/IP моделот |
5. Апликациско ниво (Application layer) |
4. Транспортно ниво (Transport layer) |
3. Мрежно ниво (Network layer) |
2. Податочно ниво (Data Link Layer) |
ATM • DTM • Ethernet • FDDI • Frame Relay • GPRS • PPP • ARP • RARP • L2TP • PPTP |
1. Физичко ниво (Physical layer) |
Етернет • ISDN • Модеми • PLC • SONET/SDH • G.709 • Wi-Fi • … |
Постојат повеќе стандарди кои се тесно поврзани со синхроното оптичко вмрежување:
- SDH (synchronous digital hierarchy) стандардот е развиен од страна на ITU (International Telecommunication Union), а документиран во стандардот G.707 и неговото проширување G.708
- SONET (synchronous optical networking) е стандард дефиниран во GR-253-CORE од Telcordia
SONET и SDH што во суштина е исто, се оригинално дизајнирани за транспорт на комуникациски кола (како на пример DS1 и DS3) со комбинација од различни извори, но тие се главно дизајнирани да поддржат некомпресирани,гласовни кола кодирани во PCM формат.Главната тешкотија за правење на оваа работа на SONET/SDH е тоа што синхронизирачките извори од повеќето кола се различни.Ова значи дека секое коло е всушност работено на малку поинаква стапка и со различна фаза.SONET/SDH дозволува симултан транспорт на многу различни кола од различно потекло во единствен протокол за рамки.SONET/SDH не е комуникациски протокол туку транспортен протокол. Поради суштинското значење на неутралноста на протоколот на SONET/SDH и транспорт ориентираните одлики SONET/SDH е очигледен избор за транспорт на ATM рамки.Брзо вклучува мапирање на објекти и конкатенирани контејнери за АТМ врски.Во други зборови за ATM ( и евентуално други протоколи како Ethernet)внатрешната комплексна структура претходно употребувана за врски со кола, е отстранета и заменета со голема,конкатенирана рамка(како ОC-3c) каде што се сместени ATM ќелиите,IP пакетите и Ethernet рамките.
SDH и SONET имаат широка примена: SONET во САД и Канада а SDH во останатиот дел од светот. Бидејќи SONET стандардите се развиени пред SDH стандардите, постојат различни SONET имплементации.