UDP
From Wikipedia, the free encyclopedia
Корисничкиот Протокол(UDP) е еден од клучните делови на Интернет протокол(IP), множество од мрежни протоколи кои се користат за Интернет. Со овој протокол, компјутерските апликации можат да праќаат пораки, во тој случај познати како датаграми. Протоколот е дизајниран од Дејвид Рид во 1980 година и конечно е дефиниран во RFC 768. Корисничкиот податочен протокол користи едноставен модел без имплицитни ракувачки дијалози за обезбедување сигурност, подреденост, или интегритет на податоците. Според ова, овој кориснички протокол овозможува несигурен сервис и датаграмите може да не пристигнат по ред, некаде се појавуваат дупликати, или исчезнуваат без претходна најава. Протоколот претпоставува дека грешката при проверка и корегирање е или непотребна или изведена во апликацијата, притоа избегнувајќи ја големата контрола на таа обработка на интерфејсот на мрежното ниво. Апликацијата која зависи од времето, честопати го користи овој протокол бидејќи испуштените пакети се подобри од чекањето на задоцнетите пакети. UDP е исто така корисна за опслужувачите одговарајќи на мал број прашања од огромен број на клиенти. За разлика од TCP, UDP е компатибилен со емитуваниот пакет(праќање на податоци или пораки од еден до сите компјутери на локалната мрежа) и мултикастингот (праќање на сите претплатници).
![]() | Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |