From Wikipedia, the free encyclopedia
Модемот (кованица од зборовите модулатор и демодулатор) е уред кој изворните сигнали ги трансформира така да овозможува погоден начин на пренос на далечина и на далечниот крај врши обратен процес со кој трансформираниот сигнал го враќа во изворниот облик. Во широка употреба влегува со поврзување на сметачите (компјутерите) преку телефонските линии. Бидејќи компјутерите работат со дигитални сигнали (дискретни вредности), а преносот е аналоген, конструиран е уред кој врши претворање на дигиталниот сигнал (од компјутерот) во аналоген, а на другиот крај врши обратен процес.
Модемот е електронски уред изработен во независно куќиште (надворешни) или како картичка за вметнување во компјутер (внатрешни), кој овозможува размена (прием и отпрем) на дигитални податоци по аналоген канал. Негова функција е модулација: кодирање на дигиталните податоци, соединување со аналоген сигнал кој генерално е модулиран носечка честота, и демодулација која извршува обратна операција и овозможува прием на дигиталната информација. Модемите служат за да обезбедат комуникација меѓу дигиталните машини, размена на факсимили, обезбедуваат пристап на Интернет, а можат да се користат и за обезбедување на дигитална телефонија. Бројни телекомунициски стандарди се појавија во 90-тите години на минатиот век, и исто толкав број на модеми: ДМИУ (ISDN), АДПЛ (ADSL), ГСМ (GSM), Вајфај (Wi-Fi), Вајмакс (Wimax)...
Почетоците на модемот датираат од 1950-тите години кога американската војска ги создала за пренос на воени податоци со почетна брзина од 300 bit/s. Со текот на времето модемот се развивал достигнувајќи брзини од 14,4 kbit/s во 1980, 28,8 kbit/s во 1994, па сè до 56 kbit/s кој бил воведен на пазарот во 1996 година.
Главната одлика на модемите е нивната брзина на пренос. Истата се изразува во битови во секунда и се означува со bit/s, а поголеми единици се kbit/s и Mbit/s.
Кабелските модеми се тип на модеми што овозможуваат пристап до податоци преку кабелската инфраструктура.
Брзината на овие модеми е доста различна и додека теоретската максимална брзина е 30 Mbit/s, реалната брзина која што ја овозможуваат кабелските е од 1 до 8 Mbit/s за преземање, и неколкукратна помала брзина за предавање на податоци на интернет. Меѓутоа треба да се напомене дека брзината на овие модеми доста варира во зависност од околината (доколку сите соседи се моментално приклучени има намалување на брзината), и како и во сите други случаи зависи и од разни вируси, од грешно конфигуриран насочувач, од слаба безжична мрежа, па и од староста на вашиот компјутер.
АДПЛ модем е уред што поврзува единичен компјутер или насочувач со ДПЛ телефонска линија со цел за користење на податочни услуги (поврзување на Интернет). Тие како и другите модеми добиваат сигнали кои ги претвораат во дигитален вид.
Работат на честоти над говорниот опсег, од 25 kHz до 1 MHz, сè со цел да не се мешаат со стандардните говорни услуги кои работат од 0–4 kHz. Значи кај стандардната телефонска линија, сигналите (во говорен опсег кои се идентификуваат како звук) на обичните модеми пречат и е невозможно истовремено да се оствари телефонска врска. За разлика од тоа кај АДПЛ модемите, опсезите за говор и за податоци се раздвоени и може да се остварат паралелно (истовремено) говорна и податочна врска.
Брзината на овие модеми е во распон од неколку стотици kbit/s до неколку десетици мегабита во секунда(Mbit/s).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.