IPv6
From Wikipedia, the free encyclopedia
Интернет Прокол верзија 6 (IPv6) е протокол на мрежно ниво (англиски network layer протокол) за пакет-комутирани вмрежувања. Дизајниран е како наследник на IPv4 - тековната верзија на Интернет Протокол за општа намена.
Петте нивоа на TCP/IP моделот |
5. Апликациско ниво (Application layer) |
4. Транспортно ниво (Transport layer) |
3. Мрежно ниво (Network layer) |
2. Податочно ниво (Data Link Layer) |
ATM • DTM • Ethernet • FDDI • Frame Relay • GPRS • PPP • ARP • RARP • L2TP • PPTP |
1. Физичко ниво (Physical layer) |
Етернет • ISDN • Модеми • PLC • SONET/SDH • G.709 • Wi-Fi • … |
Главно подобрување кое го дава IPv6 (Интернет Протокол верзија 6) е зголемувањето на бројот на адреси на располање за вмрежените уреди. Тоа овозможува, пример, секој мобилен телефон или било кој мобилен електронски уред да има сопствена адреса. IPv4 поддржува 232 (околу 4,3 милијарди) адреси, кои не се доволни согласно нараснатите потреби. IPv6 поддржува 2128 адреси; тоа е околу 3,4×1038 адреси или по околу 5×1028 адреси за секго од околу 6,5 денешни жители на земјата. На овој начин ќе се надмине проблемот со недостаток на јавни IP-адреси и најверојатно нема да има потреба од NAT (network address translation).
IPv6 не е директно компатибилна со IPv4. Адресната шема на IPv6 е нова и е заснована да им служи на демографски и модерни мрежи. Адресниот простор на IPv6 е долг 128 бити со кој е овозможено постоење на огромен број на адреси во спореедба со 32 бити за адреси кај IPv4. Но, IPv6 не е развиена со цел да го разреши само проблемот со адресите бидејќи истиот може да биде решен со користење на јавни и приватни IP-адреси.
Новитети кои ги внесува IPv6 ќе се согледаат преку разликите на IPv6 пакетите.
Како новитет во однос на IPv4, IPv6 поддржува QoS (Quality of Service) на мрежно ниво. Тоа значи дека квалитетот на сервисот (кој се дефинира преку загуби, доцнење на пакети, и проток во бити/сек) ќе може поедноставно да се имплементира во Интернет, посебно со премин на реалните комуникации (како говор) во IP средина. Ова е овозможено индиректно со користење на лабели за поток (flow labels) и приоритетна индикација, но притоа и во овој случај IP не дава гаранција за реалните end-to-end QoS како што нема и резервирање на мрежни ресурси.
Во поглед на безбедноста IPv6 поддржува автентификација и приватност. Овозможува основни фукционалности на наплаќање на услугите како и наплаќање за идните видови сообраќај.
Со цел да се подобри насочувањењето форматот на заглавјето е фиксен што овозможува хардверска обработка на истото со што се овозможува побрзо насочувањење во споредба со насочувањењето со софтверската обработка на заглавјето. Позначајни промени се направени во поглед на фрагментирањето на податоците. Кај IPv6 фрагментирањето на податоците се прави кај изворот а не како кај IPv4 каде истото се врши во насочувачите.
Проверката на грешка на IP ниво е испуштена во IPv6 со цел да се намали обработката (додека кај IPv4 требаше секој насочувач за секој пакет да ја пресметува одново контролен збир на заглавието, заради промена на TTL полето) и да се подобри насочувањењето. Проверката на грешка само би одземала време и бити од заглавието а воедно ќе воведе и излишност бидејќи и податочното и транспортното ниво вршат доверливи проверки на грешки.
IPv6 е следна генерација на IP верзија која има многу подобрувања во однос на верзијата 4 меѓу другите е и поголемиот адресен простор од 128 бити во однос на 32 битното адресно поле на IPv4.
Хоп (Hop) лимит е 8-битна вредност која ги нуди истите функции како и TTL полето во IPv4.
Но, од друга страна, IPv6 е нова IP верзија која не е радикално различна од моменталната IPv4. На мрежите сè уште им се доделуваат мрежни адреси или претставки, IPv6 ги препраќа пакетите на истиот начин, неконекционо ориентирано по принципот скок по скок, IPv6 насочувачите сè уште ги користат насочувањечките протоколи, мрежниот уред мора да биде исконфигуриран со IPv6 адреса итн. На IPv6 треба да се гледа како на поедноставна, поскалабилна и поефикасна верзија на IP.
Минималната должина на IPv6 заглаието е 40 бајти. Додека поголемиот адресен простор е позитивната страна на двапати поголемата минимална должина на IP заглавието кај IPv6 во споредба со IPv4 (таму е 20 бајти минималната должина на заглавието), излишноста на ваквото заглавие е негативната страна. Имено, кај комуникациите во реално време кои користат помали пакети (како што е пример со говор преку IP) големиот број излишни бајти во заглавието доведува до неефикасно искористување на расположливиот капацитет, односно до забележливо помал капацитет за пренос на корисните информации кај IPv6 во однос на IPv4.