Преносно ниво
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во комјутерските мрежи, транспортното ниво или ниво 4 нуди крај-крај комуникациски сервиси за апликации во рамки на слоевита архитектура од мрежни компоненти и протоколи. Транспортното ниво обезбедува практични услуги како што се connection-oriented data stream поддршка, контрола на проток, мултиплексирање и сигурност.
Петте нивоа на TCP/IP моделот |
5. Апликациско ниво (Application layer) |
4. Транспортно ниво (Transport layer) |
3. Мрежно ниво (Network layer) |
2. Податочно ниво (Data Link Layer) |
ATM • DTM • Ethernet • FDDI • Frame Relay • GPRS • PPP • ARP • RARP • L2TP • PPTP |
1. Физичко ниво (Physical layer) |
Етернет • ISDN • Модеми • PLC • SONET/SDH • G.709 • Wi-Fi • … |
Транспортните нивоа се содржат и во TCP/IP моделот, кој е основата на Интернетот, и во Open System Interconnection (OSI) моделот од генералното вмрежување. Дефинициите на транспортното ниво се малку поразлични во двата модели. Оваа статија првенствено се однесува на TCP/IP моделот во којшто TCP е во голема мера за практични апликациски програмски интерфејс за веб домаќини, за разлика од дефиницијата за транспортниот слој кај OSI-моделот.
Најпознатиот транспортен протокол е Transmissions Control Protocol (TCP), кој го позајмил своето име во насловот на TCP/IP. Се користи за connection-oriented преноси, а User Datagram протоколот(UDP) се користи за поедноставни преноси на пораки. ТСР е посложен протокол, поради својот постојан дизајн да инкорпорира сигурен пренос и услуги за проток на податоци. Други истакнати протоколи во оваа група се Datagram Congestion Control Protocol (DCCP) и Stream Control Transmission Protocol(SCTP).