Физичко ниво
From Wikipedia, the free encyclopedia
Физичкото ниво (англиски: Physical layer) е прво ниво во компјутерски мрежи од OSI моделот со седум нивоа, односно прво ниво во TCP/IP моделот со пет нивоа. На ова ниво се извршуваат сервиси кои ги бараат протоколите од податочното ниво и се претвораат битовите од рамката во соодветен електричен, оптички или радио сигнал а потоа го предава сигналот, го контролира преносот и приемот. Физичкиот слој ги одредува електричните и физичките спецификации на уредите, односно, го дефинира односот помеѓу уредот и пренесувачкиот медиум како што е бакарен или оптички кабел. Ова вклучува и распоред на пиновите, напон, кабелските спецификации, репетитор, мрежни адаптери и др. За разлика од погорните слоеви, овој слој целосно се однесува на хардверот и е задолжен за 3 примарни функции:
- Стандардизација на компонентите (адаптери, мрежен интерфејс, кабли и конектори);
- Начин на претставување на податоците (модулација и кодирање) и контролни стандарди;
- Сигнализација, синхронизација на сигналот, предавање, прием и пренос преку медиум.
OSI модел | |
---|---|
7 | Апликациско ниво |
6 | Презентациско ниво |
5 | Ниво на сесија |
4 | Транспортно ниво |
3 | Мрежно ниво |
2 | Ниво на податоци
|
1 | Физичко ниво |