OSI-модел
From Wikipedia, the free encyclopedia
OSI-модел (англиски: Open Systems Interconnection model) или референтен модел за отворено поврзување на системи — најкористен апстрактен опис за архитектура на мрежи. Со него се опишува комуникацијата помеѓу хардверот, програмите, софтверот и протоколите при мрежната комуникација.
Кратки факти
OSI модел | |
---|---|
7 | Апликациско ниво |
6 | Презентациско ниво |
5 | Ниво на сесија |
4 | Транспортно ниво |
3 | Мрежно ниво |
2 | Ниво на податоци
|
1 | Физичко ниво |
Затвори
OSI-моделот ја дели архитектурата на мрежата во седум логички слоеви и им доделува функции, сервиси и протоколи кои функционираат на секој од седумте слоја.