Сесиско ниво
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сесиското ниво (анг. Session Layer) е петтиот слој од седумслојскиот OSI модел на компјутерските мрежи. Сесиското ниво обезбедува механизам за отворање, затворање и управување со сесијата помеѓу крајниот корисник на апликациските процеси т.е. полупостојан дијалог. Комуникациските сесии се состојат од барања и одговори кои се јавуваат помеѓу апликациите. Сервисите на сесискиот слој најчесто се користени во апликациските средини кои ги користат далечинските процедурални повици (RPCs). Пример за сесиско ниво е OSI протоколот познат како X.225 или ISO 8327. Во случај на губење на врска овој протокол може да се обиде да ја поправи врската. Ако врската не се користи во подолг период, на сесискиот слој може да се затвори и повторно да се отвори. Тој може да биде истовремено во две насоки (full-duplex) или најизменично во две насоки (half-duplex) и обезбедува синхронизациски бодови во тек на разменување на пораки. Други примери за имплементирање на сесиското ниво е и Протокол за информативна зона (Zone Information Protocol - ZIP) и Протокол за контрола на сесии (Session Control Protocol - SCP).
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
OSI модел | |
---|---|
7 | Апликациско ниво |
6 | Презентациско ниво |
5 | Ниво на сесија |
4 | Транспортно ниво |
3 | Мрежно ниво |
2 | Ниво на податоци
|
1 | Физичко ниво |