![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/7a/Nursery_of_New_Stars_-_GPN-2000-000972.jpg/640px-Nursery_of_New_Stars_-_GPN-2000-000972.jpg&w=640&q=50)
H II-подрачје
From Wikipedia, the free encyclopedia
H II-подрачје — подрачје на меѓуeвезден атомски водород кој е јонизиран.[1] Ова е обичен облак на делумно јонизиран гас во кој неодамна се случила ѕвездообрзаба, со големини кои се движат од една до стотици светлосни години, и густина од неколку до околу еден милион честички на кубен сантиметар. Маглината Орион, за која денес се знае дека е Н II-подрачје, за првпат била забележана со телескоп во 1610 година од страна на Никола-Клод Фабри де Пејреск, и е првата маглина која била H II-подрачје.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/7a/Nursery_of_New_Stars_-_GPN-2000-000972.jpg/640px-Nursery_of_New_Stars_-_GPN-2000-000972.jpg)
Може да имаат каков било облик, затоа што имаат неправилна распределбата на ѕвездите и гасот. Краткорочните сини ѕвезди создадени во овие подрачја испуштаат огромни количества на ултравиолетова светлина што го јонизира околниот гас. Н II-подрачјата - понекогаш до големини од неколку стотици светлосни години - честопати се поврзуваат со огромните молекуларни облаци. Тие може да се среќаваат во грутчести или издолжени облици, а понекогаш имаат и сложени облици како оној на маглината Коњска Глава. Н II-подрачјата може да изродат илјадници ѕвезди во период од неколку милиони години. На крајот, експлозиите на суперновите и силните ѕвездени ветрови од најмасивните ѕвезди во новосоздаденото ѕвездено јато ќе ги распрснат гасовите на Н II-подрачјето, оставајќи ги зад себе создадените групаци ѕвезди, како што се на пример Плејадите.
Н II-подрачјата може да се набудуваат на значителни растојанија во вселената, и проучување на вонгалактичките Н II-подрачја е важно при одредувањето на растојанието и хемискиот состав на галаксиите. Спиралните и неправилнитегалаксии содржат многу Н II-подрачја, додека елиптичните галаксии се скоро ида ги немаат. Во спиралните галаксии, меѓу кои е и нашата Млечениот пат, Н II-подрачјата се концентрирани во спиралните краци, додека во неправилните галаксии имаат хаотична распределба. Некои галаксии содржат голем број на Н II-подрачја, кои можат да содржат десетици илјади везди. Како пример може да се напоменат 30 Златна Рипка во Големиот Магеланов Облак и NGC 604 во галаксијата Триаголник.