Спирална галаксија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Спирална глаксија — одреден вид на галаксија првично опишана од страна на Едвин Хабл во неговото дело „Во светот на маглините“ (The Realm of the Nebulae) од 1936 г.[1] и како таква е дел од Хабловата шема. Спиралните галаксии се состојат од рамен вртежен диск кој содржи ѕвезди, гас и прашина и централен збир од ѕвезди познат под името испакнатост. Овие се опколени се многу послаб ореол од ѕвезди, кои претежно се групирани во ѕвездени јата.
Спиралните галаксии се именувани според спиралните структури кои се протегаат од средиштето на дискот. Спиралните краци се места во кои се создаваат ѕвездите и се посветли за разлика од останатите делови на дискот поради младите жешки OB ѕвезди.
Скоро две третини од сите спирални галаксии кои се набљудувани поседуваат и дополнителен придружник во облик на пречка,[2] кој се протега од средиштето на испакнатоста од самите почетоци на спиралните краци. Бројот на спирални глаксии со пречки во однос на бројот на спирални галксии кај кои нема пречки се менувал низ историјата на универзумот, односно пред 8 милијарди години само 10% поседувале придружник, околу 25 % пред 2,5 милијарди години, и во мометов околу две третини.[3]
Нашата галаксија Млечен Пат од неодамна е потврдено дека е галлаксија која поседува придружник, иако самиот придружник мошне тешко се забележува од нашата местоположба во галактичкиот диск.[4] Најубедливиот доказ за постоењето на придружникот е оној добиен од неодамнешното набљудување извршено од вселенскиот телескоп „Спицер“, на ѕвезди од галактичкото средиште.[5]
Заедно со неправилните галаксии, спиралните галаксии се 60% од вкупниот број на галаксии во локалниот универзум.[6] Вообичаемно истите се присутни во областите со мала густина и се реткост во средиштето на галактичките јата.[7]