![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c3/NGC_4414_%2528NASA-med%2529.jpg/640px-NGC_4414_%2528NASA-med%2529.jpg&w=640&q=50)
Галаксија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Галаксија или млечнина — гравитациски спој од ѕвездени системи, меѓуѕвездена прашина, плазма и темна материја. По големина, галаксиите можат да бидат од џуџиња со неколку стотини милиони (108) ѕвезди до џинови со по стотина милијарди (1014) ѕвезди кои кружат околу тежиштето. Поголемиот дел од галаксиите се протегаат и до повеќе од неколку илјадници светлосни години во пречник.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c3/NGC_4414_%28NASA-med%29.jpg/640px-NGC_4414_%28NASA-med%29.jpg)
Просторот помеѓу галаксиите е исполнет со плазма која не достига поголема вискозност од еден атом на метар кубен. Проценето е дека во метагалаксијата (видливата вселена) постојат преку 2 билиони (1012) галаксии,[1] кои заедно имаат повеќе ѕвезди отколку зрна песок на нашата планета.
Галаксиите содржат различен број на ѕвездени системи, јата ѕвезди и различни типови на меѓуѕвездени облаци. Помеѓу овие објекти има ретка меѓуѕвездна средина од гасови, прашина и космички зраци. Податоците од набљудувањата укажуваат дека супермасивните црни дупки може да постојат во средиштето на многу галаксии, иако ако не во сите. Се смета дека тие се главен двигател на активни галактички никулци кои се наоѓаат во јадрото на некои галаксии. Млечниот Пат има барем еден таков објект.[2]
Историски гледано, галексиите се категоризираат според нивниот очигледен облик, што вообичаено се однесува на нивната видлива морфологија. Елиптичната галаксија[3] е честа облик, која што има светлосен профил во вид на елипса. Спиралните галаксии имаат облик на диск со искривени краци составени од прав. Оние галаксии кои имаат неправилни или невообичаени облици се познати како неправилни галаксии и типично се последица од нарушувањата од гравитациското влечење на соседните галаксии. Таквите заемодејства меѓу галаксиите кои можат да доведат до спојување, понекогаш предизвикуваат значајно зголемување на образувањето на ѕвезди, што пак, води кон настанок на активни галаксии. Помалите галаксии кои немаат кохерентна структура се нарекуваат неправилни галаксии.[4]
Постојат повеќе од 170 (1,7 × 1011) милјарди галаксии во метагалаксијата.[5] Повеќето се со пречник од 1000 до 100 000 парсеци и вообичаено се раздвоени меѓу себе со растојание од милиони парасеци (или мегапарасек). Меѓугалактичката средина (просторот меѓу галаксиите) е исполнет со редок гас со просечна густина која е помала од еден атом на кубен метар. Поголемиот број галаксии се организирани во хиерархија на здруженија познати како групи и јата, кои пак заедно образуваат големи суперјата. Во најголем размер овие здруженија генерално се организирани во нишки, кои се опкружени со огромна празнина.[6]
Најстарата и најоддалечената утврдена галаксија е GN-z11, откриена во март 2016 г. Се наоѓа на растојание од 32 милијарди светлосни години од Земјата, и видена е како што изгледала само 400 милиони години по Големата експлозија.[7]