GN-z11
галаксија во соѕвездието Голема Мечка, најстара и најдалечна галаксија во видливата вселена според постојните податоци From Wikipedia, the free encyclopedia
GN-z11 — галаксија во соѕвездието Голема Мечка, најстарата галаксија и најдалечната галаксија во видливата вселена според тековните сознанија.[3] Има спектроскопско црвено поместување од z = 11,1, што одговара на сопствена оддалеченост од околу 32 милијарди светлосни години (9,8 гигапарсеци) од Земјата.[4][б 1]
GN-z11 | |
---|---|
![]() GN-z11 ставена врз слика од GOODS-Север | |
Податоци од набљудување (епоха J2000[1]) | |
Соѕвездие | Голема Мечка[1] |
Ректасцензија | 12ч 36м 25,46с[1] |
Деклинација | +62° 14′ 31,4″[1] |
Црв. помест. | 11,09[2] |
Оддалеченост | ~3,2×1010 сг |
Особености | |
Тип | галаксија |
Маса | ~1×109 M☉ |
Големина | 4000 ± 2000 (1,2 ± 0,6 кпс)[2] |
Други ознаки | |
GN-z10-1[2] |
Називот на галаксијата е изведен од нејзината положба во галактичкото поле GOODS-Север (GOODS-North) и големото црвено поместување на Доплеровата z-скала (GN + z11).[5] Сликата која ја имаме за GN-z11 е таква каква што била пред 13,4 милијарди години, само 400 милиони години по Големата експлозија;[2][6] поради што постои заблуда[7] дека таа е оддалечена 13,4 милијарди светлосни години од нас.[8][9]
Откривање
Галаксијата е пронајдена од екипата што ги проучувала податоците од вселенскиот телескоп „Хабл“ и (проект CANDELS) на „Спицер“ (преглед GOODS-Север).[10][11] Истражувачите се послужиле со широкополскиот апарат за спектроскопски да ја утврдат оддалеченоста на GN-z11, разделувајќи ја светлината на нејзините составни бои за да го измерат црвеното поместување предизвикано од ширењето на вселената.[12] Наодите, објавени во март 2016 г. укажуваат на тоа дека галаксијата е подалеку отколку што претходно се мислело, на границата на досегот на вселенскиот телескоп „Хабл“. GN-z11 е околу 150 милиони години постара од претходната рекордно оддалечена галаксија, EGSY8p7,[5] и е забележана „ многу блиску со крајот на таканаречената темна доба на вселената“,[12] а „близу самиот почеток“ на ерата на рејонизација.[10]
GN-z11 е 20 пати помала од нашата галаксија (Млечниот Пат) има 1% од нејзината маса и раѓа нови ѕвезди приближно 20 пати побрзо.[12] поради просечната старост на нејзините ѕвезди од 40 милиони години.[2] Сознанието дека постои толку масивна галаксија создадена толку бргу по настанокот на првите ѕвезди претставува предизвик за некои од тековните модели на образувањето на галаксиите.[10][12]
Белешки
- На прв поглед, растојанието од 32 милијарди светлосни години (9,8 гигапарсеци) делува невозможно големо во вселена која е стара стара 13,8 милијарди години, а ништо не може да се движи побрзо од светлината. Сепак, поради ширењето на вселената, растојанието од 13,4 милијарди светлосни години од GN-z11 до Земјата се проширило на 32 милијарди во текот на тие 13,4 милијарди години што ѝ требале на светлината за да дојде до нас.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.