Голем Магеланов Облак
неправилна галаксија, сателит на Млечниот Пат / From Wikipedia, the free encyclopedia
Голем Магеланов Облак (ГМО или LMC) — блиска галаксија, и придружник на Млечниот Пат.[7] На растојание малку помало од 50 кпс (≈163.000 сг.),[2][3][4][5] the ГМО е третата најблиска галаксија до Млечниот Пат, со Стрелец (~ 16 кпс) и ситната Големо Куче (~ 12,9 кпс, иако статусот галаксија е оспорен поради близината до центарот на Млечниот Пат). Масата е приближно колку 10 милијарди сончеви маси, со што има маса 1/100 од масата на Млечниот Пат, и пречнк од околу 14.000 сг. (~ 4,3 кпс).[8] ГМО е четвртата по големина галаксија во Месната Група, по Андромеда (M31), Млечниот Пат и Вртимушка (M33).
Голем Магеланов Облак | |
---|---|
Големиот Магеланов Облак | |
Податоци од набљудување (епоха J2000) | |
Соѕвездие | Златка Рипка/Маса |
Ректасцензија | 05ч 23м &1000000000000034500000034,5с[1] |
Деклинација | −69° 45′ &1000000000000002200000022″[1] |
Оддалеченост | 162,98 ксг. (49,97 кпс)[2][3][4][5] |
Вид | SB(s)m[1] |
Прив. димензии (V) | 10,75° × 9,17°[1] |
Прив. величина (V) | 0.9[1] |
Други ознаки | |
LMC, ESO 56- G 115, PGC 17223,[1] Nubecula Major[6] | |
Поврзано: Галаксија, Список на галаксии |
ГМО честопати се смета за неправилен тип на галаксија, ГМО содржи изразита пречка во својот центар, што наведува дека станува збор за поранешна пречкаста спирална галаксија. Неправилниот облик на ГМО е најверојатно резултат на плимните заемодејства на облакот со Млечниот Пат и Малиот Магеланов Облак (ММО).
При набљудувањто наликува на мал „облак“ на ноќното небо на јужната полутопка протегајќи се меѓу границата на соѕвездијата Златна Рипка и Маса, и гледан од Земјата има ширина 20 пат пголема од полна Месечина.[9]