Елиптична галаксија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Елиптична галаксија — вид на галаксија која има приближно елипсовиден облик и изедначен светлински профил. За разлика од рамните спирални галаксии со организираност и структура, елиптичните галаксии се тридимензионални, без присуство на структура, и нивните ѕвезди се во некои случајни орбити околу центарот. Тие се едни од трите основни класи на галаксии кои биле пшрвично опишани од страна на Едвин Хабл во неговото дело „Во светот на маглините“ (The Realm of the Nebulae) од 1936 г,[1] а воедно се пишува и за спиралните и леќестите галаксии. Тие имаат најразлични облици од скоро сферични до мошне рамни и со големини од десетина милиони до неколку трилиони ѕвезди. Првично, Едвин Хабл сметал дека елиптичните галаксии можат да се развијат во спирални галаксии, но подоцна се покажало дека ова тврдење е погрешно.[2] Ѕвездите кои се во внатрешноста на елиптичните галаксии се многу постари од ѕвездите во спиралните галаксии.[2]
Повеќето елиптични галаксии се составени од стари, со мали маси ѕвезди, со ретка меѓуѕвездена средина и минимално создавање на ѕвезди, и тежнеат да се опкружени со многубројни свездени јата. Елиптичните галаксии се верува дека се приближно 10–15% од галаксиите во суперјатото Девица, и истите не се преовладувачјиот вид на галаксии во целокупниот универзум.[3] Тое се најчесто сместени во близина на центарот на галактичките јата.[4] Елиптичните галаксии се нарекуваат уште и „првични“ галаксии, поради нивната местоположба во Хабловата секвенца, и се смета дека се поретки во раниот развој на универзумот.