![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/32/Ionization_energies.svg/langmk-640px-Ionization_energies.svg.png&w=640&q=50)
Јонизација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јонизација или јонизирање — процес во кој настануваат електrичните набиени честички, јони, од неутралните атоми или молекули. Јонизација може да предизвика друга електрична набиена честичка (јон, електрон, позитрон, мезон, протон, алфа-честичка, деутрон) која се движи низ гасовита, течна или цврста супстанцa, притоа треба кинетичката енергија на честичките да е доволно голема за да во судирот со неутралните атоми или молекули испушти од нив електрони. Најмалата енергија што е потребна за да се изведе овој процес е јонизационата енергија (јонизациски потенцијал), т.е. енергија која е доволна за изолираниот атом или молекула во гасовита состојба да изгуби еден електрон, при што настанува јонски пар: позитивен набиен јон и испуштен електрон. Енергијата на јонизација е мерка за способност на некој хемиски елемент да влезе во хемиска реакција, во настанување на јони. Првата енергија на јонизација се однесува на губитокот на најслабиот врзан електрон во неутралниот атом. Втората, поголема енергија на јонизација се однесува на јонизација на новонастанатиот катјон и така натаму. Вкупниот број на јонски парови настанати во единица должина на патот на честичките се нарекува јонизациска густина (специфична јонизација) и се мери најчесто со односот наспрема јонизациската густина во воздух. Таа зависи од енергија, маса и наелектризирани честички, за разлика од тоталната јонизација, т.е. вкупниот број јонски парови настанати долж целата должина на честичките, која зависи главно само од енергијата со која честичката влегла во супстанцата. Атомот или молекулата можат со помош на јонизацијата да изгубат по еден или повеќе електрони, а испуштениот електрон може само за кратко време да остане слободен, а потоа може да се врзе со некој неутрален атом или молекула и така да настане негативно набиен јон, или пак може да се врзе со некој позитивно набиен јон. Просечниот пат на ослободениот електрон кој го проаѓа пред да се сврзе со друга честичка најчесто се нарекува среден слободен пат и зависи од притисок на гаста и степенот на јонизација, т.е. од соодносот измеѓу бројот на настанатите јони и преостанатите неутрални атоми, односно молекули. Движејќи се, честичките кои ја предизвикуваат јонизацијата постепено губат енергија и конечно може да запрат. Во воздухот при температура од 15 целзиусови степени и притисок од 101 325 паскали, потрошената енергија за настанување на еден јонски пар изнесува околу 32,5 електронволти и не зависи од предизвикувачот на јонизацијата.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/32/Ionization_energies.svg/640px-Ionization_energies.svg.png)
Заедно со примарната јонизација, чиј директен причинител е честичката, тука е и секундарната јонизација, т.е. процесот на настанување на јони при дејство на електрони и јони кои се настанати преку примарна јонизација, ако при нивното настанувањето добиле доволно голема енергија. Неутралните честички, на пример неутрони или неутралните мезони, можат да причинат само секундарна јонизација, со предавање на целата своја енергија или само дел од неа предавајќи на некоја електризирана набиена честичка, на пример протон.