1202 - Опсада на Задар: Во првата голема акција на крстоносната војна, крстоносците го опседнуваат и освојуваат Задар во Далмација. Крстоносците не можат да ги платат трошоците на Република Венеција за нејзините придонеси во Крстоносната војна поради кое крстоносците се согласуваат да го предадат градот на Венеција како нејзин економски соперник, и покрај писмата од Папа Инокентиј III кои забранува таква акција под закана за изопштување. Ова е прв напад врз Католичката црква од страна на католичките крстоносци.
1202 - Данците започнуваат крстоносна војна во Финска, која ја води архиепископот Андерс Сонсен и неговиот брат[1].
1212 - Битка кај Навас де Толоса: Христијанските кралства на Шпанија решително ги поразуваат Алмохадите, а победата го турнува Кралство Кастиља во тешка финансиска состојба, бидејќи бројни војници треба да бидат платени за походот.
1213 - Битка кај Муре: Тулушките и арагонските сили на Ремон VI Тулушки и Петар II Арагонски се поразени од Симон де Монфорт во текот на Катарската крстоносна војна.
1214 - Битка кај Бувен: Филип II ја поразува војската на Светото Римско Царство, англиски и фламански војници предводени од Отон IV, завршувајќи ја Англо-француската војна (1202-14).[3].
1215 - Во јуни кралот Јован под притисок на бунтовничките барони бил принуден да ја потпише Големата повелба за правата (латински: Magna Carta Libertatum). Со неа се ограничела моќта на монархот, а обичните луѓе се стекнале со права, со што започнале да се развиваат идеите за слобода и демократија.
1216 - Прва баронска војна: Англиската армија го вратила Берик на Твид и извршила напади во јужна Шкотска[3]
1217 - Прва баронска војна во Англија: Француските сили се поразени во Битката кај Линколн, од страна на англиските кралски војници предводени од Вилијам Маршал[3].
1219 - Ливонска крстоносна војна: Данските крстоносци, предводени од кралот Валдемар II Дански, го освојуваат Талин по Битката кај Линданисе. Нивното упориште во Талин ќе им помогне на Данците да ја освојат целата северна Естонија.
1224 - Последните муслимански жители се протерани од Сицилија и Малта.
1226 - Кралот Луј VIII започнува голема јужна офанзива против Катарите и Грофовија Тулуза. Рамон Беренгер IV ја користи можноста да го потврди својот авторитет над автономните општини на своите територии. Повеќето градови мораат да го прифатат авторитетот на грофот, но Марсеј и Ница се спротивставиле[7].
1227 - Ливонска крстоносна војна: Ливонските браќа на мечот и нивните сојузници на крстоносците го преминуваат морскиот мраз од копното на Естонија и ги поразуваат последните естонски упоришта на Муху и Саремаа. Ова го означува крајот на естонскиот поход во Ливонската крстоносна војна. Данска Естонија и Талин ги добиваат своите градски права.
1236 - Кордоба е освоена од кастилските војници, како дел од Реконквистата на Пиринејскиот Полуостров[10]. Големата џамија е претворена во римокатоличка катедрала.
1236 - Волшка Бугарија е освоена од страна на монголските сили на чело со Бату-кан.
1243 - Фердинанд III Кастилски ја претвора Мурсија во протекторат и го иницира процесот на колонизација и христијанизација на регионот.Кастилските војници пристигнуваат во Мурсија, за поддршка на династијата Хадит[11]
1244 - Со договорот од Алмирза, кралот Јаков I и Алфонсо Х Кастилски постигнуваат договор за распределба на муслиманските земји по крајот на војната
1245 - Папа Инокентиј IV го испраќа Џовани Плано Карпини во монголскиот двор за да им сугерира да го прифатат христијанството и да се приклучат на Крстоносните војни.
1247 - Побуна се јавува помеѓу муслиманитте во Кралство Арагон, во регионот на Валенсија. Како казна, царот издава наредба за протерување на муслиманите од неговото царство, што во следната година доведува да голем број муслимани заминат во егзил кон Кралство Гранада и Северна Африка.
1250 - Битка кај Фарискур: Луј IX е заробен од муслиманските сили. Кралот Луј е ослободен од неговите египетски киднапери, откако плаќа откуп од милион динари.
1250 - Умира Фридрих II, Цар на Светото Римско Царство. По неговата смрт започнува 23-годишен интерегнум. Фридрих II е последниот римски цар од Хоенштауфеновците. По крајот на војната, царството преминува под власта на Хабсбурговците.
1251 - Започнување на Првата пастирска крстоносна војна во Франција.
1255 - По смртта на Бернардо Бонсињори, неговиот брат, Орландо останува единствен директор на најголемата банкарска фирма во Западна Европа, Гран Тавола во Сиена[13]
1256 - Монголскиот командант Бајџу Нојан (кој дејствува под команда на Хулагу-кан ги предводи своите сили во победата над Иконискиот Султанат со што ја освојува Анадолија.
1257 - Вулканот Самалас еруптира на островот Ломбок, Индонезија, една од најголемите вулкански ерупции во изминатите 10.000 години. Ерупцијата создаде тешки климатски промени низ целиот свет кои доведоа до сериоен глад и смрт. Водејќи на една од најголемите геополитички промени низ целиот свет во текот на следните неколку векови[14][15].
1258 - Опсадата на Багдад завршува со победа на монголските сили на чело со Хулагу-кан. По освојувањето на градот, биле убиени околу 1.000.000 граѓани, градот бил срушен заедно со т.н. Куќа на мудроста.
1259 - Кралевите Луј IX и Хенри III се согласуваат со Парискиот договор, во кој Хенри се откажува од териториите во Европа, во замена да Луј ја повлече својата поддршка за англиските бунтовници.
1262 - Исландскиот Комонвелт потпишува договор за унија со Норвешка, признавајќи го Хокон IV за владетел.
1264 - Завршува граѓанската војна во Монголија. Кублај-кан го поразува својот брат Арик Боке кој се предава и кој е затворен. Тој умира една година подоцна под мистериозни околности, можеби со труење, но причината за смртта сè уште е неизвесна. Сепак, оваа битка во суштина го означува крајот на обединетото Монголско Царство. Кублај-кан одлучува да го премести својот главен град, од Ксанаду во Канбалик (денес Пекинг).
1265 - Втора баронска војна, битка кај Ившам: армијата на Едвард ги поразува силите на бунтовничките барони предводени од Симон V Монфорт, што резултира со смрт на Монфор и многу од неговите сојузници. Ова понекогаш се смета за крај на витештвото во Англија.
1267 - Крај на Втора баронска војна. Бунтовниците и кралот Хенри III се согласуваат со условите за мир, како што е наведено во Едиктот од Кенилворт.
1268 - За првпат е забележан карневалот во Венеција.
1268 - Битка кај Антиохија: Кнежевство Антиохија, држава на крстоносците, паѓа под контрола на Мамелучкиот Султанат. Неговото уништување е толку големо што трајно го намалило значењето на градот.
1269 - Маринидите го комплетираат освојувањето на Мароко, заменувајќи ја династијата Алмохади.
1270 - Кралот Луј IX го започнува Осмиот крстоносен напад, во обид да ги врати крстоносните држави од Мамелуците. Кралот умира за време на опсадата на градот Тунис, по кое е ставен и крај на опсадата. Филип III е крунисан во крал на Франција.
1271 - Марко Поло заминува од Венеција со својот татко и вујко, на неговото познато патување во Азија.
1273 - Рудолф I е избран за Крал на Германија над соперничкиот кандидат Отакар II, завршувајќи го интеррегнумот; Отакар одбива да го признае Рудолф како нов крал, што доведува до војна во 1276.
1274 - Втор Лионски собор од страна на Римокатоличката црква за ослободување на Светата земја преку објавување на нова крстоносна војна. Советот на крајот го одобрува десетокот како данок, за да ги поддржи напорите за ослободување на Светата земја од муслиманите.
1275 - 200.000 монголска армија се соочуваат со кинеска династија Сунг со сила од 130.000 војници. Јуен на крај победува.
1278 - Петар III Арагонски го освојува муслиманското упориште на Монтеса, ставајќи крај на двегодишниот бунт. Поразените муслимани се протерани од царството и заминуваат во егзил[18].
1278 - Битка на Моравско Поле: кралевите Рудолф I и Ладислав IV Унгарски го поразуваат кралот Отокар II. Со крајот на битката, завршува и борбата за власт меѓу Рудолф и Отакар во врска со судбината на Средна Европа, по кое династијата на Рудолф продолжува да владее со Австрија и другите освоени територии, до крајот на Првата светска војна во 1918 година.
1282 - Побуна во Сицилија против владеењето на Карло I Анжујски. Во следните 6 недели, илјадници Французи се убиени. Востанието го принудува Карло да се откаже од крстоносната војна, додека сè уште е на пат кон целниот град Цариград, и му дозволува на Петар III Арагонски да го преземе владеењето на островот (што од своја страна доведува до изопштување од Папа Мартин IV на Петар]).
1284 - Монголската Златна Орда, предводена од Ногај-кан, ја напаѓа Унгарија вторпат.
1285 - Архиепископот Јакуб Свинка им наредува на сите свештеници кои подлежат под неговата епархија во Полска да даваат проповеди на полски јазик, наместо на германски, поттикнувајќи го националниот идентитет.
1285 - Мамелучкиот султанел-Мансур Калавун започнува опсада на крстоносната тврдина Маргат (во денешна Сирија) главното упориште на Болничарите. Тврдината е освоена еден месец подоцна.
1286 - Кралот на Шкотска Александар III умира, оставајќи го како наследник единственото негово неродено дете и 3-годишната Маргарета. По ова започнува Војна за независност на Шкотска и зголеменото влијание на Англија над Шкотска.
1288 - Папа Никола IV прогласува крстоносна војна против кралот Ладислав IV Унгарски, кој го изгубил кредибилитетот со фаворизирање на неговите полупагански кумански субјекти, одбивајќи да одговара на социјалните стандарди на Западна Европа.
1289 - Падот на Триполи: Мамелучкиот султан ел-Мансур Калаван го освојува Грофовија Триполи (во денешен Либан) по едномесечна опсада. Ова е крај на постоењето на крстоносната држава.
1289 - Во Сиена, дваесет и три партнери, вклучувајќи и пет членови на семејството Бонсињори, повторно ја создаваат Гран Травола, порано најуспешната европска банка, која престанала да функционира по смртта на нејзиниот творец и менаџер, Орландо Бонсињори, во 1273 година[19].
1290 - Година без зима - Исклучително редок случај на непрекината транзиција, од есента 1289 до следната пролет, во Британија и во континентална Западна Европа[20].
1291 - ел-Ашраф Калил го освојува градот Ако, со што целосно ги освојува крстоносните држави.
1292 - Јован е избран од кралот Едвард I како крал на Шкотска. Едвард потоа го третира Јован како марионетска владетел и Шкотска како вазална држава, на крајот провоцирајќи ја Војната за независност на Шкотска, која започнала во 1296 година.
1296 - Започнува Византиско-венецијанската војна, и трае до 1302 година.
1297 - Силите на Франсоа Грималди го освојуваат замокот во Монако (Династија Грималди владее со кнежевството до денес).
1297 - Кралот Денис Португалски и кралот Фердинанд IV Кастилски го потпишуваат Договорот од Алканисес. Географските граници на Португалија се постојано фиксирани (со исклучок на Сао Феликс де Галегос, изгубени во 1640 и Оливенса, изгубени во 1801).
1298 - Битката кај Курцола: Џеновската флота ги поразува Венецијанците. Марко Поло е еден од затворениците, а додека е во затвор во Џенова, започнува да го диктира неговото дело за патешествијата кои ги поминал.
1298 - Странските кредитори на Сиена започнуваат да ги бараат своите депозити назад, со што ја забрзуваат кризата со ликвидноста со која се соочува фирмата[13].
Georg Haggren, Petri Halinen, Mika Lavento, Sami Raninen ja Anna Wessman (2015). Muinaisuutemme jäljet. Helsinki: Gaudeamus. стр.380.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Picard, Christophe (2000). Le Portugal musulman (VIIIe-XIIIe siècle. L'Occident d'al-Andalus sous domination islamique. Paris: Maisonneuve & Larose. стр.110. ISBN2-7068-1398-9.
Peter Linehan (1999). David Abulafia (уред.). The New Cambridge Medieval History c.1198-c.1300. Chapter 21: Castile, Portugal and Navarre. Cambridge: Cambridge University Press. стр.668–673. ISBN0-521-36289-X.
Le Roy Ladurie, Emmanuel; Bray, Barbara (1971). Times of Feast, Times of Famine: a History of Climate Since the Year 1000. Garden City, NY: Doubleday. ISBN0-374-52122-0. OCLC164590.