From Wikipedia, the free encyclopedia
Француски јазик (самонар. le français, la langue française) — јазик од романската група на јазици. Негова матична земја е Франција, а мајчин јазик е и во Белгија, во Валонија и Брисел, Швајцарија, Луксембург, Монако,Андора, Аостинска Долина (Италија), прекуморските департмани и територии на Франција и Белгија, вклучувајќи го и Квебек во Канада, како и на северозапад на Нов Бранзвик, на североисток од Онтарио и во помали делови на Манитоба, Алберта, Саскачеван и Британска Колумбија.
Француски | |
---|---|
Français | |
Изговор | fʁɑ̃sɛ/ |
Застапен во | Франција и 53 други земји |
Подрачје | Африка, Европа, Америка, Тихи Океан, изолирани региони во Азија 650 милиони на сите 5 континенти |
Говорници | Мајчин јазик и прв јазик: 295 милиони 2011,+400 милиони втор и странски јазик 2011 > Вкупно: проценето на од 500 милиони до 700 милиони на сите пет континенти 2011,франкофонија 1 милијарда 2011.[1][2][3][4] |
Јазично семејство | |
Писмо | Француска латиница |
Статус | |
Службен во | Франција, 31 други земји и бројни меѓународни организации |
Регулативен орган | Француска академија (Франција), Квебечка агенција за француски јазик (Квебек, Канада), Совет за развој на француски во Луизијана (Луизијана) |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | fr |
ISO 639-2 | fre (B) fra (T) |
ISO 639-3 | fra |
Темносино: мајчин јазик; сино: службен јазик/широка употреба; Светлосино: јазик на културата; зелено: малцински |
Од 1970 година постои меѓународна организација за соработка на земјите во кои францускиот е службен јазик или важен јазик за комуникација и култура ова организација се вика франкофонија.
Францускиот јазик, заедно со англискиот, шпанскиот, кинескиот, арапскиот и рускиот се шесте службени јазици на Обединетите нации и заедно со англискиот се единствените два светски јазици кои се зборуваат на сите пет континенти со површина поголема од 28 000 000 [[км2]], односно 19% од површина на земјата и со повеќе од 650 милиони говорители од кои 250 милиони (6 ранг-листа) мајчин јазик, (4 јазик по бројот на говорители во светот), (после англискиот највлијателен јазик во светот) 400 милиони како втор и странски јазик т.е. 10% од светската популација според Интернационалната организација на франкофонијата 2008.
По англискиот (со 77%), францускиот (со 32%) е најизучуваниот јазик кај децата во Европската Унија, а потоа следи германскиот (18%), шпанскиот (8%) итн.
Историјата на францускиот јазик започнува со инвазијата на римската војска под водство на Гај Јулиј Цезар врз Галија во 59 година пред И.Х. Галија тогаш била населена со поголем број на келтски племиња кои зборувале на сродни јазици. Постоеле повеќе галски јазици коишто не биле така ретко пишувани.
Јазикот на Римјаните бил единствен како авторитетен и престижен јазик, малку по малку бил прифатен од сите низ вековите коишто следеле до заземањето на државата во 51 година пред И. Х. и тоа без војна.
Се смета дека „Заклетвите од Стразбур“ (Les serments de Strasbourg) од 842 година е првиот текст напишан на француски (или романа лингва или уште роман).
Првата белешка на постоењето на еден романски јазик датира од 813 година за време на концилот (црковен собир) во Тур. Требало да се чека до 880-881 година за првиот литературен текст, секвенца за светата Еулали, кој може повеќе да биде сметан како пикарски отколку како француски. Францускиот бил еден од дијалектите во средниот век наречен (franceis/francois) тогаш изговаран (fratsee) потоа (fraswe). Париз и неговиот регион се историска лулка на овој дијалект кој многу брзо се меша со нормандскиот, пикардскиот, бургоњскиот и други околни дијалекти, бидејќи постепено Париз ја презема важноста на политички план на луѓето од целата земја.
Во 1539 година како наредба од Вилер-Котерет назначен од кралот Франсоа I, налага францускиот да биде јазик на правото и на администрацијата во Франција. Оваа промена е важна бидејќи низ целиот 17 век францускиот јазик бил јазик на науката и образованието.
Кардиналот Ришелје во 1634 година ја основал Француската академија, која се занимавала со „Унапредување и заштита на францускиот јазик“.
Во 1637 година Рене Декарт во неговото дело le discours de la methode го искажува неговото гледиште за тоа дека ова е важна етапа бидејќи се работи за еден од првите филозофски обиди напишани на француски а не на латински. Длабоките размислувања за филозофијата прво биле пишувани на латински, всушност Рене Декарт забранил во неговите дела да се пишува латински. Тој ја напишал истата книга повторно на француски јазик, знаејќи дека елитите не ја читале неговата книга бидејќи е напишана на домашен јазик, додека писмени и образовани луѓе можеле да ја читаат без закана од цензурата.
Во 17 век францускиот јазик станува lingua franca во Средна Европа, а во 18-от и 19-от век и во Источна Европа (Полска, Русија, Романија). Во тоа време Франција била колонијална сила, со што била поставена основата за ширење на францускиот јазик надвор од Европа. Белгија која се здобила со независност во 1830 година, исто така го официјализирала францускиот јазик во сите колонии.
Во XVIII век францускиот јазик бил главен јазик во областа на меѓународните односи и дипломатијата (наместо латинскиот). Подоцна со создавањето на кралството Велика Британија во XIX век, и со порастот на моќта на САД ВО XX век по Втората светска војна, ситуацијата се променила и англискиот јазик станува lingua franca во светот.
Њу Хемпшир 25%, Вермонт 24%, Мејн 23%, Род Исланд 17%, Луизијана 16%, Масачусетс 13%, Конектикат 10%, Мичиген 7%, Минесота 6%, Монтана 5%, Висконсин 5%, Вашингтон 5%, Орегон 5%, Северна Дакота 5%, Алјаска 4%, Вајоминг 4%, Њујорк (држава) 200 000, Калифорнија 200 000, Тексас 100 000.
Главно тоа се држави каде францускиот јазик е или мајчин, службен, официјален, административен, употребуван или изучуван јазик и каде што секојдневно го употребуваат повеќе од 400 милиони говорители.
Француски јазик | |
Писмо | латиница |
Пример | Прв член од „Декларацијата за човекови права“ |
Текст | Tous les êtres humains naissent libres et égaux en dignité et en droits. Ils sont doués de raison et de conscience et doivent agir les uns envers les autres dans un esprit de fraternité. |
Македонски | Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност. |
Портал: Јазици |
Францускиот заедно со англискиот и германскиот јазик се работни јазици кои ги користи Европската комисија.
По правило, претседателот на Европската комисија треба течно да го говори францускиот јазик. Таквото значење на францускиот јазик во ЕК произлегува од тоа што Франција е една од основачите, и затоа што седиштето на ЕУ е во Брисел, 85% франкофонски град.
По податоците од 2006 година, францускиот јазик е мајчин за 13% од населението во ЕУ, а истиот го говорат и разбираат повеќе од 26% од населението во ЕУ. Надвор од француското говорно подрачје, францускиот најмногу се учи во Велика Британија, Холандија, Ирска, Португалија, Романија, Молдавија, Данска, Германија, Шпанија, Италија, Австрија, Кипар, Грција, Бугарија, Полска, а најмногу го говорат и разбираат во Холандија (29%), Португалија (25%), Романија (24%), Велика Британија (23%), Ирска (20%), Малта (17%), Германија (15%), Данска (15%), Италија (14%), Шпанија (12%), Кипар (12%), Шведска (11%), Австрија (10%), Бугарија (9%), Грција (8%) и во други.
Францускиот јазик е многу далеку од фонетските правила за читање и пишување. Завршната согласка во зборот никогаш не се изговара. Буквите Н и М понекогаш не се изговараат. Буквата Х никогаш не се изговара. Францускиот се чита „течно“, што значи дека завршните согласки често се спојуваат со наредниот збор. Во пишувањето се користат пет врсти на акценти. Францускиот јазик разликува десет глаголски времиња: 5 прости и 5 сложени. Францускиот јазик го разликува учтивото од пријателското.
Францускиот јазик е богат со дијалекти, кои се нарекуваат и патоа. Тие во основа се делат на северни (Langue d'oil — најблиски до стандардниот јазик), јужни (Langue d'oc — под влијание на окитанскиот јазик), и франкопровансалски.
Поголем дел на зборови во францускиот јазик потекнуваат од латинскиот јазик или од грчко-латинска основа. Многу зборови имаат дупликат така што една верзија е латинска, а друга е народна. Пример за тоа се многу именки и изведени придавки. Францускиот јазик има преземено повеќе зборови од англискиот, италијанскиот, други романски јазици, германскиот, арапскиот, итн.
Се проценува дека 13% зборови (4 200 зборови) се со странско потекло во фондот од 35 000 зборови.
Во францускиот често се создаваат неологизми кои ги заменуваат главно англиските позајмици. На пример „баладер“ (baladeur) го заменува англискиот збор „вокмен“ и „дискмен“ (walkmen, diskmen).
Регионални француски говори претставуваат говори и изрази кои се користат во поедини региони на француското јазично подрачје, но не припаѓаат официјално на француските говори ниту се користат на целото говорно подрачје.
Македонски | Француски | Изговор |
---|---|---|
Француски | français (јазик) | ⓘ |
англиски | anglais (јазик) | ⓘ |
Да | Oui (si при потврда на прашање изразено во негативна форма) | ⓘ |
Не | Non | ⓘ |
Добар ден! | Bonjour ! (формално) или Salut ! (неформално) | ⓘ |
Добровечер! | Bonsoir ! | ⓘ |
Добра ноќ! | Bonne nuit ! | ⓘ |
Догледање! | Au revoir ! | ⓘ |
Пријатен ден! | Bonne journée ! | ⓘ |
Ве молам | S’il vous plaît | ⓘ |
Благодарам | Merci | ⓘ |
Нема за што | ⓘ | |
Жал ми е | Désolé или Je suis désolé (машки) / Je suis désolée (женски) / "Je regrette" | ⓘ |
Кој? | Qui ? | ⓘ |
Што? | Quoi ? | ⓘ |
Кога? | Quand ? | ⓘ |
Каде? | Où ? | ⓘ |
Зошто? | Pourquoi ? | ⓘ |
Како се викате? / Како се викаш? | Comment vous appelez-vous ? (формално) или Comment t’appelles-tu ? (неформално) | ⓘ, ⓘ |
Се викам... | Je m'appelle... | ⓘ |
Кој | Quel/Quels(мн.)/Quelle(ж.р.) | [kɛl] |
Бидејќи | Parce que / Car | ⓘ |
Заради | À cause de | ⓘ |
Значи, | Donc | ⓘ |
Можеби | Peut-être | ⓘ |
Како? | Comment ? | ⓘ |
Колку? | Combien ? | ⓘ |
Не разбирам. | Je ne comprends pas. | ⓘ |
Да, разбирам. | ⓘ | |
Се согласувам./Важи. | Je suis d’accord. "D’accord" може да се користи без je suis. | [ʒø sɥi dakɔʁ] |
Помош! | Au secours ! (à l’aide !) | ⓘ |
Во колку часот...? | À quelle heure...? | [a kɛl œʁ] |
Денес | Aujourd'hui | [oʒuʁdɥi] |
Ве молам, може ли да ми помогнете? | Pouvez-vous m’aider s’il vous plaît ? / Pourriez-vous m’aider s’il vous plaît ? | [puve vu mede sil vu plɛ] |
Каде се тоалетите? | Où sont les toilettes ? | ⓘ |
Зборувате ли англиски? | Parlez-vous (l')anglais ? / Est-ce que vous parlez (l')anglais ? | ⓘ |
Не зборувам француски. | Je ne parle pas français. | [ʒø nø paʁl pa fʁɒ̃sɛ] |
Не знам. | Je ne sais pas. | [ʒø n(ø) sɛ pa] |
Знам. | Je sais. | [ʒø sɛ] |
Жеден сум. | J’ai soif. | [ʒe swaf] |
Гладен сум. | J’ai faim. | [ʒɛ fæ̃] |
Како сте? | Comment allez-vous ? | [kɔmɒ̃ t‿ale vu] |
(Многу) добро | Je vais (très) bien | [ʒø vɛ (tʁɛ) bjæ̃] |
(Како) можам (ли) да ви помогнам? / Ви треба ли помош? / | (Comment) puis-je vous aider ? Avez-vous besoin d'aide ? | [(kɔmɑ̃) pɥiʒ vu z‿ede] |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.