Смрт — постојан крај на биолошкото функционирање на секој жив организам. Вистинската природа на смртта со векови е централна тема во светските религии, како и во филозофијата. Во повеќето религии постои верување во некој вид живот по смртта или реинкарнација. Современата наука ја смета смртта за конечна состојба.
Во медицината постои термин клиничка смрт, а тоа е состојба при која на пациентот му функционираат нормално срцето и белите дробови, но мозокот е мртов.
Во 2014 година, во Македонија умреле 19.718 лица од кои 10.210 (51,8%) биле од машки пол. Најчеста причина за смртта биле болестите на кардиоваскуларниот систем (57,2%), додека 18,9% умреле од злоќудни неоплазми. Кај 4,2% од умрените, причина за смртта биле ендокрините, нутритивните и метаболичните болести, а 3,6% умреле заради болести на респираторниот систем. Во 2014 година, во Македонија умреле 233 доенчиња, т.е. 1,2% од вкупниот број на умрени лица. Кај возрасните, просечната старост на умрените мажи била 69,9 години, додека просечната возраст на умрените жени била 74,8 години.[1]
Смртта во јужнословенската митологија
Смртта е персонифицирано битие чија единствена должност била да ја одзема душата од телото на смртникот. Смртта била прикажувана како битие во долга бела или црна облека, со качулка на главата од која најчесто не може да се согледа ликот. Смртта најчесто припаѓала на машкиот пол, иако во некои преданија таа е претставена како стара жена.
Во народното творештво, смртта била ужасната од молбите и плачот на луѓето, па посакала од бога да ја ослободи од должноста, но тој одбил. „Еве јас отсега вамо ќе создадам турли - турли болести по луѓето и од болестите што ќе ѝ создадам луѓето ќе умираат и на болеста ќе ѝ викаат, а тебе ќе ти забораат да те колнат” - Марко Цепенков.[2]
Според старите верувања, смртта е единствената која го знае мигот во кој секое живо битие треба да почине. Смртта доаѓа по божјите (или сопствени) закони и никој не е во можност да ја повика или да ја присили да му ја земе душата без таа да сака. „Смртниот час“ е миг на разделбата на душата од физичкото тело. По верувањата, душата заминува на „друг/оној свет“. Зависно од моралните и хуманите однесувања на поединецот, по старите верувања, и смртниот час можел да биде краток, лесен и милозлив или долготраен, измачувачки и страшен[3].
„Мртвиот Џо“ (англиски: Dead Joe) - песна на австралиската рок-група The Birthday Party од 1982 година.[126]
„Мојата смрт“ (англиски: My Death) — песна на Жак Брел и Морт Шуман.[127]
„Смртта на Морисон Џим“ (српскохрватски: Smrt Morisona Džima) — песна на словенечката рок-група Булдожер (Buldožer).[128]
„Песната на смртта на црниот ангел“ (англиски: Black Angel's Death Song) - песна на американската рок-група Велвет андерграунд (Velvet Underground) од 1966 година.[129]
„Додека не нè раздели смртта“ (англиски: Till Death Do Us Part) — музички албум на американската хип-хоп група Geto Boys од 1993 година.[130]
„Љубов и смрт“ - песна на македонската етно-група DD Synthesis.[131]
„Напред во смртта“ (англиски: Forward To Death) — песна на американската панк-рок група Дед Кенедис (Dead Kennedys) од 1980 година.[132]
„Осамената смрт на Хети Керол“ (англиски: The Lonesome Death Of Hattie Carroll) — песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1964 година.[133]
„Џин е мртва“ (англиски: Jean is dead) — песна на американската хардкор-панк група Дисендентс (Descendents) од 1982 година.[134]
„Среќни луѓе на смртта“ (англиски: Happy Death Men) — песна на британската рок-група Echo And The Bunnymen од 1980 година.[135]
„Смрт на еден кловн“ (англиски: Death Of A Clown) - песна на британската рок-група Кинкс (The Kinks) од 1967 година.[136]
„Смрт или слава“ (англиски: Death Or Glory) - песна на англиската рок-група Клеш (The Clash) од 1979 година.[137]
„Првите пет минути по смртта“ (англиски: The First Five Minutes After Death) — песна на британската рок-група Коил (Coil) од 1986 година.[138]
„Фреди е мртов“ (англиски: Freddie's Dead) — песна на американскиот музичар Куртис Мејфилд (Curtis Mayfield') од 1972 година.[139]
„Постепена смрт“ (англиски: Creeping Death) - песна на американската хеви-метал група Металика (Metallica) од 1984 година.[140]
„Мртов на тротоарот“ (англиски: Dead on the sidewalk) - песна на македонската рок-група Mooger Fooger.[141]
„Божествена смрт“ (англиски: Divine Death) — песна на британската хард-кор група Napalm Death од 1987 година.[142]
„Приватна смрт“ (англиски: Private Death) — песна на Napalm Death од 1988 година.[143]
„Мртвиот Боб“ (англиски: Dead Bob) — песна на канадската рок-група Ноуминсноу (Nomeansno) од 1986 година.[144]
„Песна за мртвите“ (англиски: Real Emotional Girl) - песна на американскиот музичар Ренди Њумен (Randy Newman) од 1983 година.[145]
„Смртен ден“ (англиски: Dying Day) — песна на шкотската рок-група Orange Juice од 1982 година.[146]
„Мртов“ (англиски: Dead) — песна на американската рок-група Пиксис (Pixies) од 1989 година.[147]
„Распродажба на болката“ (српски: Распродаја бола) — песна на српската рок-група Рибља чорба од 1979 година.[148]
„Четвртина мртов“ (англиски: 1/4 Dead) — песна на британската панк-рок група Рудиментари пени (Rudimentary Peni) од 1983 година.[149]
„Танатос“ (англиски: Thanatos) — песна на шкотската рок-група Скидс (Skids) од 1979 година.[150]
„Ангелот на смртта“ (англиски: Angel of Death) - песна на американската хеви-метал група Слеер (Slayer).[151]
„Смрт за нашите пријатели“ (англиски: Death To Our Friends) - песна на американската рок-група Sonic Youth од 1986 година.[152]
„Дојди и умри“ (англиски: Come And Die) - песна на Therapy? и Fatal од 1993 година.[153]
„Ѕид на смртта“ (англиски: Wall of Death) - албум на американскиот дует Ричард и Линда Томпсон (Richard and Linda Thompson) од 1982 година.[154]
„Марш на смртта“ (англиски: Death March) - песна на американската рок-група Faith No More од 1987 година.[155]
„Бил е мртов“ (англиски: Bill is Dead) - песна на британската рок-група Фол (The Fall) од 1990 година.[156]
„Втора смрт“ - песна на македонската рок-група Хахаха од 2012 година“.[157]
„Ја полниш земјата со смрт“ - песна на македонската рок-група Хахаха од 2012 година“.[157]
„Ајде да умриме“ (англиски: Let's Go Die) - песна на американската хардкор панк група Hüsker Dü од 1982 година.[158]
„Мртвите чекаат“ (англиски: The dead are waiting) - песна на македонскиот музичар Кирил Џајковски од 2001 година.[159]
„Почивај во мир“ (англиски: R.I.P.) - песна на македонскиот музичар Кирил Џајковски од 2001 година.[159]
„Само еден час откако ќе умреш...“ (Only an hour after you die...) - песна на македонскиот музичар Кирил Џајковски од 2001 година.[159]
Љубица Балабан, „Смртноста зголемена за 2,7 отсто, најчесто умираат од срцев и мозочен удар, ракот на второ место“, Дневник, година XIX, број 5800, 26 јуни 2015, стр. 4.
Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 109.
Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 141-142.