From Wikipedia, the free encyclopedia
„Смртта на господинот Голужа“ (српски: Смрт господина Голуже) — збирка раскази на српскиот писател Бранимир Шќепановиќ од 1977 година.
Централно место во збирката зазема истоимениот расказ: На патот до морето, господинот Голужа случајно застанува во непознат мал град, каде веднаш го привлекува вниманието на жителите. Еден ден, тие го испитуваат за причината на неговиот престој во градот, а тој им кажува дека дошол за да умре. Од тој миг, целиот град почнува да му укажува почит - луѓето му нудат разни бесплатни услуги и производи, доаѓаат да се посоветуваат со него, а најубавите жени водат љубов со него. Така, господинот Голужа, кој дотогаш бил осамен човек кој се плашел од луѓето, наеднаш почнува да се чувствува важен и да ужива во животните задоволства. Нестрпливи да бидат сведоци на неговата смет, по шестмесечно чекање, неколку жители го посетуваат во хотелската соба со барање да си го исполни ветувањето. Тогаш, тој почнува да крои планови како да се извлече од неприликите, но утредента, луѓето го носат на мостот, очекувајќи тој да се фрли во реката. Господинот Голужа се обидува да одржи говор кој ќе му обезбеди симпатија кај жените, но се соочува со рамнодушност. Сакајќи да побегне, тој се качува на оградата на мостот, но паѓа во реката и умира.[1]
Новелата „Смртта на господинот Голужа“ претставува бизарна приказна која иницира многу прашања кои често немаат вистински одговори. Главниот јунак цело време се бори со внатрешните судири меѓу најмрачните мисли и повремените просветлувања. Новелата била дел од антологијата објавена во Данска под наслов „Модерна европска новела“, како и во „Антологијата на светскиот расказ“ и во „Антологијата на светските книжевности“, објавени во САД. Според Le Matricule des Anges, „оваа новела функционира божествено, а последната сцена ја замрзнува крвта“.[2] Врз основа на оваа новела е снимен филмот „Џулијан По“, чешкиот композитор Зденек Лукач ка компонирал истоимената опера, а во Градскиот театар во Шартр успешно била изведувана истоимената претстава.[3] Исто така, во 1982 година е снимен истоимениот филм во режија на Живко Николиќ во кој главната улога ја игра Љубиша Самарџиќ.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.