Remove ads

Љубиша Самарџиќ - Смоки[1] (роден на 19 ноември 1936 во Скопје — починал на 8 септември 2017 во Белград) — српски и југословенски глумец.

Кратки факти Роден, Починал ...
Љубиша Самарџиќ
Thumb
Роден 19 ноември 1936(1936-11-19)
Скопје, Кралство Југославија
Починал 8 септември 2017(2017-09-08) (возр. 80)
Белград, Србија
Националност Србин
Познат по улогата во:
Битка на Неретва
Валтер го брани Сараево
Битка на Сутјеска
Тигар
Занимање глумец
Сопружник Мирјана Самарџиќ
Затвори

Животопис

Љубиша Самарџиќ е роден во Скопје во семејство на рудари во 1936 година. Студирал право, но потоа се префрлил на Академијата за драмски уметности во Белград. Благодарение на стипендијата на режисерот Бојан Ступица, започнал да глуми во театарот. Првата улога ја остварил во филмот „Прекобројна“ на Бранко Бауер, а потоа следувале низа филмови, „Денови“, „Десантот на Дрвар“, „Битката на Неретва“, за која ја добил и наградата Гранд-при во Ниш. За улогата во филмот „Утро“ е награден и на филмскиот фестивал во Венеција. Долго време глумел во партизански филмови, а напоредно остварил и голем број улоги во телевизиски серии „Жежок ветер“, „Есента доаѓа, дуњо моја“, „Враќањето на отпишаните“, „Полицаецот од Петлово брдо“, „Каде одат дивите свињи“. Во 1988 ја добил тогаш највисоката државна награда „АВНОЈ“, кој првпат се доделила на филмски глумец[2].

Кон крајот на 2016 година бил опериран поради тумор на мозокот, по кое останал неподвижен. Починал по подолго боледување на 8 септември 2017 година во Белград[3][4].

Remove ads

Награди

Remove ads

Наводи

Remove ads

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.

Remove ads