From Wikipedia, the free encyclopedia
Мехмед Меша Селимовиќ (Тузла, 26 април 1910 - Белград 11 јули 1982 ) — југословенски писател. Негово најзначајно дело е романот „Дервишот и смртта“, а други негови познати романи се: „Тишини“, „Тврдина“, „Магла и месечина“, „Круг“, како и збирките раскази „Првата чета“ и „Туѓа земја“.[1]
Меша Селимовиќ | |
---|---|
Меша Селимовиќ на српска поштенска марка | |
Роден/а | 1910 Тузла |
Починат/а | 1982 Белград |
Значајни дела | „Дервишот и смртта“ (1966), Тврдина |
Значајни награди | НИН-ова награда, Горанова награда, Његошева награда, награда „АВНОЈ“, итн. |
Сопруг/а | Дарка |
Роден е 26 април 1910 година во Тузла. Основно училиште и гимназија завршил во родниот град. Во 1930 година се запишал на студиската група српскохрватски јазик и југословенска книжевност Филозофски факултет на Универзитетот во Белград. Дипломирал во 1934 година, од 1935 до 1941 година работел како професор во Граѓанското училиште, а во 1936 година бил поставен за суплент во Реалната гимназија во Тузла. Во првите две години од Втората светска војна Селимовиќ живеел во Тузла, каде бил уапсен заради соработка со Народноослободително движење на Југославија. Во текот на 1942-1943 година бил затворен во усташки логор,[2] а во мај 1943 година преминал на ослободена територија. Тогаш, тој станал член на Комунистичка партија на Југославија и член на Агитпроп за Источна Босна, а потоа бил политички комесар во Тузланскиот партизански одред. Во 1944 година преминал во Белград, каде извршувал значајни политички и културни функции. Од 1947 година, Селимовиќ живеел во Сараево и работел како:
Во 1971 година, Селимовиќ се пензионирал и се преселил во Белград. Тој бил редовен член на Српската академија на науки и уметности.[3]
Селимовиќ е добитник на повеќе награди и признанија, како:
Првото книжевно дело на Селимовиќ е расказот „Песна за бурата“ (српскохрватски: Pjesma o oluji), објавено во 1946 година, во списанието „Наша књижевност“ од Белград. Следната година, во истото списание објавил уште два расказа: „Една чета ќе остане“ (српскохрватски: Jedna četa će ostati) и „Навредениот човек“ (српскохрватски: Uvrijeđeni čovjek).[5] По првата книга, збирката раскази „Првата чета“ (1950), на тема од НОБ, Селимовиќ го објавил романот „Тишини“ (1961), исто така, со тема од НОБ. За овој роман, книжевниот критичар Ристо Трифуновиќ напишал дека е „зачеток на една голема тема“.[6] Потоа следувал краткиот поетски роман „Магла и месечина“ (1965). Романот „Дервишот и смртта“ (1966) критиката веднаш го поздравила како исклучително дело. Овој роман бил напишан како реакција на тогашниот Титов режим, кој многу често се пресметувал со политичките осуденици. И братот на Меша бил затворен на Голи оток, што на авторот му било додатен мотив. Дејството на романот се случува во 18 век во мало место во Босна. Главниот јунак е Ахмед Нурудин, дервиш на мевлевискиот ред. Тоа е дело на силна мисловна концентрација, напишано во исповеден тон, монолошки, со извонредно уметничко вдахновение, ја поврзува древната мудрост со модерниот мисловен немир. Делото започнува од религиозната вистина како облик на догматското мислење за на крај да дојде до човековата вечна запрашаност пред светот, до спознавање на страдањето и стравот како неизбежен следбеник на човековото живеење. Селимовиќ ѝ ја посветил книгата на сопругата Дарка, која целиот живот му била верен сопатник, пријател и поддршка.
Поважни дела на Селимовиќ се:[7]
Покрај тоа, Селимовиќ се бавел и со критичко-публицистичка дејност, пишувајќи статии и есеи на повеќе теми:[8]
Селимовиќ бил уредник, приредувач и преведувач на повеќе книги од други автори, како:[9]
Творештвото на Селимовиќ често било анализирано, оценувано и толкувано во книжевната критика. Така, за него пишувале: Л. Анински, Војо Бабиќ, Милош И. Бандиќ, Р. Бајрактаревиќ, Митхат Бегиќ, Д. Бјелица, Миодраг Богичевиќ, Мирјана Боговац, Сафет Бурина, Драго Ќупиќ, Миодраг Друговац, Душан Ѓуровиќ, Данило Ераковиќ, Жељко Фалоут, Драгомир Гајевиќ, Зоран Глушќевиќ, Владета Јеротиќ, Виктор Јурковиќ, Душан Карпатски, Душан Крајчиновиќ, Вук Крњевиќ, Наим Курт, Назиф Кустурица, Иван Лалиќ, Славко Леовац, Војислав Лубарда, Расим Љубијанкиќ, Војислав Максимовиќ, Златко Маркус, Свето Маслеша, Ружа Микиќ, Бранко МИлановиќ, Чедомир Мирковиќ, Милан Митиќ, Звонимир Мркоњиќ, Мишо Мустапиќ, Предраг Палавестра, Феликс Пашиќ, Влатко Павлетиќ, Лука Павловиќ, Олга Перовиќ, Мухарем Первиќ, Миодраг Петровиќ, Раша Попов, Богдан Поповиќ, Ненад Радановиќ, Миленко Радошевиќ, Новак Симиќ, Драган Стојановиќ, Душан Стошиќ, Иван Сутлиќ, Ѓуро Шнајдер, Иван Шоп, Радојица Таутовиќ, Николај Тимченко, Сеад Трхуљ, Ристо Трифковиќ, Марина Трумиќ-Кисиќ, Саша Вереш, Б. Војновиќ, Јозо Вркиќ, Петар Волк, Мирко Вујачиќ, Чедо Вуковиќ, Јован Вуковиќ итн.[10]
Во есејот „Пред делото на Меша Селимовиќ“, критичарот Ристо Трифуновиќ го оценува Селимовиќ како поклоник на јаснотијата на изразот и на средоземниот класичен концепт на книжевност. Неговите дела се ослободени од секаква приземност и баналност и, целите во грч и во спонтаност, ја изразуваат тоталноста и универзалноста на човекот.[6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.