Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
„Аникините времиња“ (српски: Anikina vremena) — расказ на писателот Иво Андриќ.
Во расказот „Аникиното време“ е прикажана една жена од поинаков ков, пркосна и свесна за својата сила, но и во портретирањето на овој лик Андриќ пристапил спиритуално психоаналитички, како уметник и мислител кого го интересираат неистражените страни на човековата природа и тајните на човековото срце. Притоа, тој не се задржува на еротичноста на Аника, туку, како лиричар, го привлекуваат сенките во душата, не настанот туку поттекстот од кој произлегува настанот. Во односот на Аника со Михајло се забележува голема драма, но таа не се експонира, туку останува уште потрагично да тлее во длабочината на душата. Исто како и во „Мара Милосница“, Андриќ го искористува преданието за жената која им робува на своите страсти со цел да се соживее со нејзиниот личен живот и така, со помош на својата визија, го претвора преданието во сензибилно ткиво на неразбраниот внатрешен живот.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.