Remove ads
македонски музичар From Wikipedia, the free encyclopedia
Кирил Џајковски (р. 25 октомври 1965 во Скопје) — македонски музичар и композитор. .[1]
Кирил Џајковски | |
---|---|
Портрет на Џајковски | |
Животописни податоци | |
Родено име | Кирил Џајковски |
Роден(а) | 25 октомври 1965 Скопје, СФР Југославија |
Жанрови | инструментална, електронска, филмска музика |
Занимања | композитор, музичар, текстописец |
Период на активност | 1980ти-денес |
Соработници | Бастион, Леб и Сол, |
Тој е еден од најценетите електронски артисти од регионот и еден од првите продуценти кои ги воведоа балканските звуци во модерната електронска музичка продукција. Кирил е и успешен композитор на филмска и театарска музика.
Својата музичка кариера ја започнал со создавањето на Бастион, еден од првите електронски бендови на Балканот, а настапува и со еден од најпознатите македонски бендови Леб и сол, со кои сними два албума и беше дел од турнеите низ Балканот и Европа.
Откако се сели во Австралија започнува со соло-кариера, и своите музички експерименти со комбинирање на етно македонска музика и електроника, го водат до неговото прво самостојно издание, Synthetic Theatre, што е многу добро прифатено од австралиските независни радио-станици.
Следува неговиот прв соло-албум „Homebound“ издаден од американската издавачка куќа Tone Casualties, каде Џајковски го продолжува концептот на комбинирање на македонски етно елементи и електроника. За „Homebound“ добива одлични критики од критичарите ширум светот, вклучувајќи ги САД, Канада, Велика Британија, Шпанија и Јапонија.
Потоа следат серија синглови и ЕП објавени од Filter Label како: Jungle Shadow, Reminder, Music Man, Red Safari, Spin Off и Hell of a Road.
Електронската музика на Кирил е промовирана преку неговите настапи на некои од најголемите музички фестивали во Европа како: Pohoda, Cruilla, Pol'and'Rock Festival, Exit Festival, Alrumbo, Fusion Festival, Rock for People, Sziget, Rototom Sunsplash, Les Vieilles Charrues, Au Foin De La Rue, Les Z'éclectiques, и многу други. Во неговите настапи во живо тој инкорпорира инструменти и разни гости вокалисти и соработници, меѓу кои: TK Wonder, MC Wasp, Ghetto Priest, Lion D, Rootsman I.
Кирил е еден од најпознатите композитори на филмска и театарска музика во регионот. Работеше со режисерот номиниран за Оскар Милчо Манчевски и ја компонираше музиката за неговите филмови: „Прашина“ и „Врба“, како и дополнителна музика за неговиот филм „Сенки“. Тој ја компонираше и музиката за филмот „Бал-кан-кан“ на Дарко Митревски, македонскиот филм со најголема заработка до сега. Митревски и Џајковски имаат соработувано и на филмот „Трето полувреме“.
Неколку композиции на Џајковски беа искористени во австралиската минисерија „Underbelly“ која е позната од критичарите.
Кирил Џајковски ја компонираше музиката за филмот на Иво Трајков „Големата вода“ (награда за најдобра музика - Филмски фестивал во Валенсија, Шпанија) и за нивната последна соработка за словачкиот филм „Piargy“.
Дополнително, тој има успешна кариера како композитор на театарска музика работејќи најмногу со познатиот театарски и филмски режисер Александар Поповски на преку 20 театарски проекти премиерно изведени во различни престижни театарски куќи на Балканот и Европа, како и компонирање на саундтракот за неговиот филм „Балканот не е мртов“.
Неговата музика е дел од различни модерни балетски продукции, меѓу кои: „La Capinera“ (Специјална музичка награда „Пургаторије Медитерански фестивал, Црна Гора) во Белград, „14 часа“ во Скопје, „5 до 12“ во Сплит, „ Het Barre Land“ во Амстердам.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.