Remove ads
американски рапер и глумец From Wikipedia, the free encyclopedia
О'Шеј Џексон Постариот (роден на 15 јуни 1969 година), познат по неговото уметничко име Ајс Кјуб (англиски: Ice Cube) ― американски рапер, текстописец, глумец и филмски продуцент.
Како музичар познат е како член на хип-хоп-групите C.I.A., N.W.A и Westside Connection, а објавил и десет соло-албуми. Покрај музичката кариера, од раните 1990-ти Ајс Кјуб има и активна филмска кариера.[1][2] Бил косценарист и глумел во комедијата Петок од 1995 година,[3] од кој настанала успешна франшиза, а тој добил имиџ на исплатлива филмска ѕвезда.[2] Како режисер дебитирал со филмот од 1998 година Клуб на играчи (The Players Club), за кој исто така бил продуцент.[4] Во 2016 година било објавено дека Ајс Кјуб е меѓу 683 личности поканети за нови членови на американската Академија за филмски уметности и науки.
О'Шеј Џексон е роден во Лос Анџелес на 15 јуни 1969 година, како четврто дете на афроамериканците Хозеа и Дорис Џексон.[5][6][7][8] Кјуб почнал да пишува рап откако бил предизвикан од неговиот пријател „Кидо“ на час по пишување. Кидо изгубил.[9] Тој рекол дека неговото уметничко име потекнува од неговиот постар брат, кој „се заканувал дека ќе го стави во ладилник и ќе го извади кога ќе стане коцка мраз“.[9][10][11]
Ајс Кјуб, учел во средното училиште Вилијам Тафт во областа Вудленд Хилс,[5] на 40 милји од неговиот дом во населба со многу криминал.[12][13] Есента 1987 година, веднаш штом напишал и снимил неколку успешни рап песни со N.W.A, тој се запишал на Технолошкиот институт во Феникс.[5][14] Во 1988 година, откако добил диплома за архитектонско цртање, Ајс Кјуб се вратил во Лос Анџелес и повторно се приклучил на N.W.A.[5][15]
Ајс Кјуб ја основал неговата прва рап-група C.I.A во 1986 година.[16] Групата објавила продолжено издание во 1987 година.
Во 1987 година, со Eazy-E и Др. Дре, ја основал гангста-рап-групата N.W.A.[16] Како главен рапер, тој напишал некои од стиховите на Dre и повеќето од Eazy на Straight Outta Compton,[17][18] албум кој го обликувал раниот идентитет на хип хопот од Западниот брег и помогнал да се разликува од рапот на источниот брег.[19] NWA била исто така позната по насилните стихови во песните, во кои се заканувале дека ќе ја нападнат полицијата која ги навредува; ова предизвикало контроверзии.[16][17] По паричен спор околу управувањето со групата од страна на Изи-И и Џери Хелер, Ајс Кјуб ја напуштил N.W.A. кон крајот на 1989 година. Тој се здружил со музичарите од Њујорк и започнал соло-рап-кариера.[16]
На почетокот од 1990 година, Ајс Кјуб во Њујорк го снимил неговиот прв соло-албум, AmeriKKKa's Most Wanted, со продуцентскиот тим од култната рап-група Public Enemy, Bomb Squad. Албумот бил објавен под издавачката куќа Priority Records, и за само две недели се здобил со златен статус, а подоцна станал и платинест. Стигнал 19-тото место на Билборд 200. Албумот бил критикуван поради мизогиниските и расистички текстови.
Неговиот втор соло албум, Death Certificate со истиот продуцентски тим бил објавен во 1991 година.[20] Во однос на содржината, тој бил уште порадикален од неговиот претходни. Конкретно, песната No Vaseline, во која тој остро возвраќа на навредите упатени кон него во албумот од N.W.A. од 1991 година каде го нарекуваат предавник,[21][22] била окарактеризирана како антисемитска.[23][24] Песната „Black Korea“, исто така се смета за расистичка,[20] поради повикот да се запалат продавниците во сопственост на Корејци, и се смета дека ги предвидува немирите во Лос Анџелес од 1992 година.[25] Магазинот Билборд го исклучил албумот од своите неделни топ-200 листи, иако таму се искачил на второ место. Ова било прв пат некој изведувач да биде забранет поради содржината на албумот.
Третиот албум на Кјуб, The Predator, бил објавен во ноември 1992 година. The Predator бил прв албум кој дебитирал на прво место на R&B/hip-hop и на поп-топ листите. Ова е негов најпродаван албум. По овој албум, рап-публиката на Ајс Кјуб значително се намалила и неговите следни изданија не го постигнале успехот како неговите први три албуми.[3]
По неговиот албум Lethal Injection од 1993 година, кој бил помалку успешен од неговите претходници, тој не издал соло-албум до 1998 година. По овој албум, Ice Cube практично ја загубил својата рап-публика.[3]
По „Lethal Injection“, Кјуб се насочил на филмови и продуцирање албуми за други рапери.[18][25] Во 1994 година, Кјуб се здружил со некогашниот колега од групата N.W.A., д-р Дре, кој тогаш го предводеше поджанрот на рап G-funk, за прв пат откако Кјуб ја напушти групата, а која се распаднала по заминувањето на Дре во 1991 година. Резултатот беше песната на Кјуб и Дре „ Natural Born Killaz “, на саундтракот на Murder Was The Case, издадена од тогаш новата етикета на Дре, Death Row Records.
Во ноември 1998 година, Кјуб го издал неговиот долгоочекуван петти соло албум War & Peace Vol. 1 (The War Disc). Одложениот шести албум, Volume 2, пристигнал во 2000 година. Многу фанови тврделе дека овие два албума, особено вториот, се со послаб квалитет од неговата претходни дела.[26] Во 2000 година, Кјуб им се придружил на д-р Дре, Еминем и Снуп Дог за турнејата Up in Smoke.[27]
По ова објавил уште 4 соло-алабуми.
Од 1991 година, Ајс Кјуб глумел во речиси 40 филмови, а некои од нив биле се високо оценети.[3] Најчесто глуми во комедии, но исто така глумел во трилерот Traspass од 1992 година и во воената комедија од 1999 година Три крала.[3] Сепак, најпознат е по франшизата филмови Петок, и франшизата Берберница (Barbershop).[3]
Во 1990 година, музички соработник од рап групата Public Enemy го внесол Ајс Кјуб во Нацијата на исламот (NOI).[28] Тој се преобратил во ислам,[29] иако го негирал членството во НОИ,[30] чија идеологија против белите луѓе и особено Евреите довело до тоа групата да биде категоризирана како група на омраза.[31] Сепак, ја усвоил идеологијата на групата за црниот национализам [32]. Во 2012 година, дал поддршка за истополовите бракови.[33]
Ајс Кјуб е во брак со Кимберли Вудруф од 26 април 1992 година.[34][35] Тие имаат пет деца; нивниот најстар син О'Шеј Џексон Помладиот (роден 1991 година) го глумел во филмот Директно од Комптон (Straight Outta Compton).[36][37]
Во 2017 година, тој ја основал Big3, 3-на-3 кошаркарска лига во која играат поранешни играчи од НБА.[38] Ајс Кјуб е исто така фан на Лос Анџелес Доџерс од МЛБ,[39] и исто така навивач на Лос Анџелес Лејкерс.[40]
Ајс Кјуб бил номиниран за неколку филмски награди. Досега има освоено две награди:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.