список на статии на Викимедија From Wikipedia, the free encyclopedia
Косовската декларација за независност од Србија беше спроведена на 17 февруари 2008. Меѓународните реакции беа мешани и светот продолжува да биде поделен во врска со меѓународното признавање на Косово.
Од 16 март 2013 Република Косово доби 101 дипломатски признавања како независна држава. Од тие, 99 од 193 (51,3%) се од земји членки на Обединетите Нации, 22 од 27 (81%) членки на ЕУ, 24 од 28 (86%) земји членки на НАТО како и 32 од вкупно 57 (56%) држави членки на Организацијата за Исламска соработка кои го признаа Косово. Владата на Србија официјално не ја признава независноста на Косово.
Бројни држави укажаа на загриженост околу унилатералната Декларација за независност на Косово, или отворено изјавија дека нема да признаат независно Косово. Советот за безбедност на Обединетите нации останува поделен околу ова прашање: од петте постојани членки кои имаат право на вето, три (САД, Велика Британија и Франција) ја признаа декларацијата за независност, додека Народна Република Кина покажа загриженост, порачувајќи му на страните да преговараат во рамките на претходните договори. Русија ја отфрли декларацијата за независност и ја смета за илегална. На 15 мај 2008, Русија, Кина и Индија издадоа заедничко соопштение во кое повикуваат за нови преговори меѓу Приштина и Белград.
Иако земјите членки на ЕУ поединечно одлучуваат околу тоа дали ќе го признаат Косово, со консензус ЕУ ја створи мисијата Еулекс која треба да обезбеди мир и да продолжи со посматрање. Поради спорот со Советот за безбедност на ОН, мисијата на Обединетите нации на Косово УНМИК и нејзино делумно предавање на Еулекс се соочи со потешкотии. По руските и српските протести, генералниот секретар Бан ки Мун продолжи со предавањето. На 15 јули 2008, тој рече: "И покрај гактот што Советот за безбедност не може да продолжи со надзорот, му дадов инструкции на мојот специјален претставник да продолжи со реформирањето на УНМИК... за да се адаптира на променетата реалност". Според генералниот секретар, "Обединетите Нации задржаа позиција на строга неутралност во врска со статусот на Косово". На 26 ноември 2008, советот за безбедност му даде зелено светло за воспоставување на мисијата Еулекс на Косово. Мисијата треба да ја презеде полицијата, судството и царината од ОН , додека ќе оперира во склоп со резолуцијата 1244 од СБ ОН каде Косово беше ставено под администрација на ОН во 1999 година. Од јули 2008, УНМИК повеќе не му дава патни исправи на граѓаните на Косово, додека нивната можност да патуваат користејќи ги новите косовски пасоши не концидира со дипломатското признавање: на пример Грција, Романија и Словачка ги признаваат косовските пасоши, и покрај тоа што не го признаваат Косово. Трите соседни држави кои го признаваат Косово - Албанија, Црна Гора и Македонија го признаваат косовскиот пасош, додека Србија одбива.
На 8 октомври 2008 беше усвоена резолуција во Генералното собрание на ОН каде ја поддржаа Србија да бара советодавно мислење од Меѓународниот суд на правдата за Косовската декларација за независност. На 22 јули 2010, Меѓународниот суд рече дека декларацијата за независност на Косово "не го прекрши меѓународното право"., поради тоа што авторите, кои беа "претставници на луѓето на Косово" не беа врзани од рамките на уставот (створен од УНМИК) или резолуцијата 1244 која е повикана од страна на членките на ООН и органите во Обединетите Нации.
Поради српските барања дека Косово е дел од суверената територија на Србија, реакциите на Србија кон секоја држава која ќе го признае Косово, беше да ги отповика своите амбасадори, осудувајќи ги косовските политичари за издајност, и поставување на случај во Меѓународниот суд на правдата.
Во декември 2012, како резултат од спонзорираните ЕУ преговори околу статусот на Косово, српскиот премиер Ивица Дачиќ се согласи да воспостави српски офицер во Косово. Во март 2013, Дачиќ рече дека додека неговата влада никогаш нема да ја признае независноста на Косово, "беа кажани лаги дека Косово е наше" и дека Србија треба да ги дефинира своите "вистински граници".
Држава[1] | Дата на признавање | |
---|---|---|
1 | Авганистан[2] | 02|18 |
2 | Костарика[3] | 18 февруари 2008[4] |
3 | Албанија[5] | 18 февруари 2008[6] |
4 | Франција[7] | 18 февруари 2008 |
5 | Сенегал[8][9] | 18 февруари 2008 |
6 | Турција[10] | 18 февруари 2008 |
7 | Обединето Кралство[11] | 18 февруари 2008 |
8 | САД[12] | 18 февруари 2008 |
9 | Австралија[13] | 19 февруари 2008 |
10 | Латвија[14] | 20 февруари 2008 |
11 | Германија[15] | 20 февруари 2008 |
12 | Естонија[16] | 21 февруари 2008 |
13 | Италија[17] | 21 февруари 2008 |
14 | Данска [18] | 21 февруари 2008 |
15 | Луксембург[19] | 21 февруари 2008 |
16 | Перу[20] | 22 февруари 2008 |
17 | Белгија[21] | 24 февруари 2008 |
18 | Полска[22] | 26 февруари 2008 |
19 | Швајцарија[23] | 27 февруари 2008 |
20 | Австрија[24] | 28 февруари 2008 |
21 | Ирска[25] | 29 февруари 2008 |
22 | Шведска[26] | 4 март 2008 |
23 | Холандија[27] | 4 март 2008 |
24 | Исланд[28] | 5 март 2008 |
25 | Словенија[29] | 5 март 2008 |
26 | Финска[30] | 7 март 2008 |
27 | Јапонија[31] | 18 март 2008 |
28 | Канада[32] | 18 март 2008 |
29 | Монако[33] | 19 март 2008 |
30 | Унгарија[34] | 19 март 2008 |
31 | Хрватска[35] | 19 март 2008 |
32 | Бугарија[36] | 20 март 2008 |
33 | Лихтенштајн[37] | 25 март 2008 |
34 | Јужна Кореја[38] | 28 март 2008 |
35 | Норвешка[39] | 28 март 2008 |
36 | Маршалски Острови[40] | 17 април 2008 |
37 | Буркина Фасо[41][42] | 23 април 2008 |
38 | Науру[43] | 23 април 2008 |
39 | Литванија[44] | 6 мај 2008 |
40 | Сан Марино[45] | 12 мај 2008 |
41 | Чешка[46] | 21 мај 2008 |
42 | Либерија[47] | 30 мај 2008 |
43 | Сиера Леоне[48][49] | 11 јуни 2008 |
44 | Колумбија[50] | 4 август 2008 |
45 | Белиз[51] | 7 август 2008 |
46 | Малта[52] | 22 август 2008 |
47 | Самоа[53][54] | 15 септември 2008 |
48 | Португалија[55] | 7 октомври 2008 |
49 | Црна Гора[56] | 9 октомври 2008 |
50 | ОАР[57] | 14 октомври 2008 |
51 | Малезија[58][59] | 30 октомври 2008 |
52 | СД Микронезија[60][61] | 5 декември 2008 |
53 | Панама[62][63] | 16 јануари 2009 |
54 | Малдиви[64] | 19 февруари 2009 |
55 | Палау[65] | 6 март 2009 |
56 | Гамбија[66] | 7 април 2009 |
57 | Саудиска Арабија[67] | 20 април 2009 |
58 | Комори[68][69] | 14 мај 2009 |
59 | Бахреин[70] | 19 мај 2009 |
60 | Јордан[71] | 7 јули 2009 |
61 | Доминиканска Република[72][73] | 10 јули 2009 |
62 | Нов Зеланд[74] | 9 ноември 2009 |
63 | Малави[75] | 14 декември 2009 |
64 | Мавританија[76] | 12 јануари 2010 |
65 | Есватини[77][78] | 12 април 2010 |
66 | Вануату[79] | 28 април 2010 |
67 | Џибути[80] | 8 мај 2010 |
68 | Сомалија[81] | 19 мај 2010 |
69 | Хондурас[82] | 3 септември 2010 |
70 | Кирибати[83][84] | 21 октомври 2010 |
71 | Тувалу[85] | 18 ноември 2010 |
72 | Катар[86] | 7 јануари 2011 |
73 | Гвинеја-Бисао[87][88] | 10 јануари 2011 |
74 | Оман[89][90] | 4 февруари 2011 |
75 | Андора[91] | 8 јуни 2011 |
76 | ЦАР[92][93] | 22 јули 2011 |
77 | Гвинеја[94][95] | 12 август 2011 |
78 | Нигер[94][96] | 15 август 2011 |
79 | Бенин[97] | 18 август 2011 |
80 | Света Луција[98] | 19 август 2011 |
81 | Нигерија[99][100][Disputed 1] | 12 септември 2011 |
82 | Габон[103][104] | 15 септември 2011 |
83 | БСК[105][106] | 16 септември 2011 |
84 | Кувајт[107] | 11 октомври 2011 |
85 | Уганда[108][109][Disputed 2] | 5 декември 2011 |
86 | Гана[112][113] | 23 јануари 2012 |
87 | Хаити[114] | 10 февруари 2012 |
88 | Саун Томе и Принсип[115][116][Disputed 3] | 13 март 2012 |
89 | Брунеј[122] | 25 април 2012 |
90 | Чад[123] | 1 јуни 2012 |
91 | Источен Тимор[124][125] | 20 септември 2012 |
92 | Папуа Нова Гвинеја[126][127][128] | 3 октомври 2012 |
93 | Бурунди[129] | 16 октомври 2012 |
94 | Фиџи[130][131] | 19 ноември 2012 |
95 | Свети Китс и Невис[132] | 28 ноември 2012 |
96 | Доминика[133] | 11 декември 2012 |
97 | Пакистан[134][135] | 24 декември 2012 |
98 | Гвајана[136] | 16 март 2013 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.